КАФЕ ПАУЗА

Мејкап туторијали за совршен изглед во секој момент од денот

Мејкап-туторијали за совршен изглед во секој момент од денот

Секоја девојка си има свој стил на шминкање. Некои сакаат подраматичен изглед, додека пак останатите преферираат природна убавина. Мишел Пан има голема колекција на туторијали во која ги опфаќа буквално сите стилови. Еве еден мал дел од нив кои можат да ви помогнат да го освежите вашиот изглед и да изгледате совршено во секој момент од денот.rnrnМејкап-туторијали за совршен изглед во секој момент од денотrn

Дневен изглед

rnОвој туторијал накратко ќе ви покаже како да се нашминкате совршено за дневна светлина, без разлика дали планирате да одите на попладневна прошетка во парк, на факултет или пак на кафе со пријателките.rnrnrnrn

Од дневна во вечерна шминка

rnrnПонекогаш едноставно немаме доволно време за подготвување за вечерното излегување, бидејќи сме останале подолго на факултет или пак на работа. Но, не грижете се… Овој туторијал ќе ви покаже како набрзина да ја претворите вашата дневна шминка во одличен вечерен изглед.rnrnrnrn

Романтичен изглед

rnИма ли некакви шанси кога сте заљубени тоа да се забележи во вашите очи? Мишел Пан верува дека тоа е можно со мала помош од шминката. Ова видео ќе ви помогне целосно да ги доловите вашите моментални романтични чувства…rnrnrnrn

Беспрекорен вечерен изглед

rnВеќе цела недела организирате совршено излеување со вашите пријателки. Не сте излегле подолго време поради секојдневните обврски и затоа верувате дека вечерта ќе биде за помнење. Секако ова излегување нема да помине без нешто помалку од 1.000 фотографии. Токму овој туторијал ќе ви покаже како да се нашминкате со пријателките за да изгледате беспрекорно на фотографиите во вашата омилена дискотека.rnrnrnrn

Природна убавина

rnrnНема ништо поубаво од едноставен и свеж изглед. Погледнете го ова видео кое ќе ви помогне да изгледате совршено и со многу малку шминка. И не заборавајте дека колку повеќе се грижите за вашето лице, толку помалку шминка ќе ви биде потребна.rnrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.