Комплексноста на светот преку уникатни фотографии
Автор: Петар Тодоровски
Татјана Плахова е млад талентиран уметник од Москва која што има две сосема различни професии. Откако магистрирала на социјална психологија, се запишала на Високата академија за графички дизајн во Москва за да може да се занимава со нејзината најголема страст – фотографијата. Таа многу умешно ги соединува знаењата од двете области и создава уметност која не може да се спореди со ничија друга.Татјана смета дека светот се развива во насока на културна комплексност, па токму преку своите дела се обидува да ја прикаже разновидноста на опкружувањето во кое живее, црпејќи инспирација од најразлични извори – релјефот, фолклорните елементи, геометријата, па дури и биологијата.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Преубаво! Браво!