КАФЕ ПАУЗА

8 совети за подобар сон

8 совети за подобар сон

Автор: Теодора ТрповскаrnrnГи направивте сите познати работи – не пиевте кафе после 20 часот, го изгасивте светлото во собата, го наместивте вашиот удобен кревет, не гледавте хорор филм вечерва. Се прашувате зошто се вртите во креветот и сѐ уште не можете да заспиете? – Затоа што има неколку навики кои ги правите секојдневно, а не сте свесни дека тие ви го саботираат сонот и влијаат на него.rn.rn

1. Легнете веднаш штом ќе почувствувате замор

rnКога ќе почувствувате дека очите пополека ви се затвораат, верувајте дека тоа е првиот и најважен знак дека сте подготвени за во кревет. Престанете со читање, учење, работа на компјутер и веднаш препуштете му се на сонот. Не е баш пријатно ако наредниот ден на работа очите ви се затвораат, нели? Хроничната ненаспаност предизвикува  дијабетис, депресија, проблеми со срцето, па дури и прекумерна тежина.rnrn8 совети за подобар сонrn

2. Кафе и чај до 16 часот

rnКафето и чајот не се добри пријатели со сонот, особено ако се пијат попладне. Затоа, избегнувајте кафе и чај по 16 часот. Дотогаш пијте квалитетно јако кафе и ароматичен чај за да ве расонуваат. Тука, секако, влегуваат и енергетските пијалаци кои треба да престанете да ги пиете по 14 часот, ако сакате мирен и лесен сон.rnrn8 совети за подобар сонrn

3. Одбегнувајте обилни и тешки оброци

rnПолниот стомак му пречи на сонот. Не се прејадувајте пред да легнете да спиете. Еве што може да јадете пред да си легнете: паста со зеленчук, пица со зеленчук и печурки, динстани пилешки гради со доматен сос и пармезан. Од оброкот што ќе го изедете пред спиење треба да барате тој да биде комбинација од протеини и триптофан, аминокиселина која му помага на телото да се опушти и да настапи сонот.rnrn8 совети за подобар сонrn

4. Пијте вино, ама порано

rnАлкохолот го намалува интензитетот на длабокиот сон и предизвикува почести будења во текот на спиењето. Ако сакате да се напиете чаша вино, направете го тоа за време на ручекот, попладне околу 18 часот.rnrn8 совети за подобар сонrn

5. Топла бања, ама порано

rnИзненадувачки, топлата бања може да го отежни сонот. Сѐ што правите, а ја подига вашата телесна температура пред спиење, речиси и да го оневозможува лесното заспивање. На телото му треба нормална телесна температура и кога таа ќе се воспостави, ќе почне да ви се приспива.rnrn8 совети за подобар сонrn

6. Јога пред спиење

rnАко практикувате лесни јога вежби пред спиење, ќе ви се опушти мозокот, ќе ви се урамнотежи дишењето и ќе ви се опуштат мускулите. Така, срцето ќе чука урамнотежено и вие ќе бидете опуштени.rnrn8 совети за подобар сонrn

7. Создадете атмосфера за спиење

rnТемна спална е идеална за добар сон. Не вклучувајте додатни мали светла додека да заспиете. Ако сакате да читате пред спиење, правете го тоа на не многу силна светилка.rnrn8 совети за подобар сонrn

8. Без лаптоп, ајпод и мобилни телефони во кревет

rnСакате да пратите брз имејл или да напишете статус на Фејсбук? Тоа само ќе го дефокусира вашето внимание. Ќе ви стигне повратна порака назад на која ќе сакате да одговорите и така цела вечер. Исклучете ги мобилните на познатото Zzz, никако на вибрации.rnrn8 совети за подобар сонrnrnИ конечно, легнете и опуштете се. Сонот е многу важен за вашето здравје и правилно функционирање на целиот организам.rnrn8 совети за подобар сон