Австралијанската докторка Рејчел Хип стана светски позната преку ноќ. Таа со години зборува за важноста на вакцинирањето на децата, и нејзините зборови допираат до голем број луѓе. Но, ништо не може да се спореди со ефектот што го предизвика урамениот цитат од оваа докторка во сосема друга лекарска ординација во Колорадо.rnrnСè започна кога пациентката Мараја забележала знак во ординацијата на нејзиниот доктор, кој почнува со насловот: „Со тоа што не ги вакцинирате вашите деца, вие ги правите ранливи на болести во текот на целиот нивен живот.“ Знакот продолжува со серија тешки прашања како: „Што ќе му кажете на синот кога ќе ве извести дека не може да има деца затоа што добил заушки како тинејџер?“ Мараја направила фотографија од овој знак и го објавила на Фејсбук каде што покренала дискусија што надминала 4,8 илјадни коментари и 191 илјада респоделувања.rnrn
rnrnД-р Хип изјавила дека била фрустрирана и емоционална кога ја напишала оваа објава, но сепак ѝ дала дозвола на ординацијата да ја испечати. Со оглед на тоа што постојано расте бројот на оние што одбиваат да ги вакцинираат своите деца, многу доктори ширум светот се обидуваат да се борат против дезинформациите и недоразбирањата за вакцините. Токму затоа е и важно да им се обрнува внимание на овие објави!rnrn[message_box title=”Со тоа што не ги вакцинирате вашите деца, вие ги правите ранливи на болести во текот на целиот нивен живот” color=”yellow”]rnrnКога вашата ќерка ќе заболи од рубеола додека е бремена, како ќе ѝ објасните дека сте одбрале да ја оставите на ризик?rnrnШто ќе кажете кога таа ќе ви се јави и ќе ви каже дека има рак на грлото на матката, само затоа што сте одлучиле дека нема да ѝ треба вакцина за ХПВ?rnrnШто ќе му кажете на синот кога ќе ве извести дека не може да има деца затоа што добил заушки како тинејџер?rnrnИ што ќе кажете кога ќе ѝ пренесе грип на неговата баба? Како ќе му објасните дека нема да се врати од болница? Никогаш.rnrnДали им кажувате дека не сте верувале во сериозноста на овие болести? Дека сте мислеле дека вашата органска, домашно подготвена храна е доволна за да ги заштити?rnrnДали кажувате извини?rnrn[/message_box]rnrnШто мислите вие на оваа тема? Дали сте за или против вакцинирање на децата и зошто сте го одбрале толку тој став? Прочитајте ги и 6-те најголеми митови за вакцините, како и зошто сите тие се невистинити!
Брутално искрен знак за невакцинирање на децата создаде турбуленции ширум светот
