10 цитати од Џони Деп кои ќе ве замислат
Во личноста на Џони Деп се крие многу повеќе отколку само убаво лице и актерски способности. Тој е страстен за животот, за љубовта и за своето семејство. Преку неговите зборови светот може да разбере каков е и што го мотивира низ животот како татко, сопруг, актер и пред сѐ, како личност. Работите кои тој ги кажува се брилијантни и ќе ве натераат длабоко да размислите. Прочитајте ги 10-те негови најинтересни изјави.
1. „Сите сме оштетени на некој начин. Никој не е совршен. Мислам дека сите сме на некој начин по малку луди. Буквално секој од нас.“
Деп има одлична поента со оваа своја мисла. Никој од нас не е совршен. Сите знаеме да ја оплескаме работата. Дури и оние луѓе кои најмногу ги почитуваме и сметаме дека се безгрешни човечки битија, исто така не се совршени. Ова е многу важно да се запамети.
2. „Животот е прилично добар, а зошто не би бил? На крајот на краиштата, јас сум пират.“
Зошто еден пират да не може да е задоволен од својот живот? Секој од нас може да биде среќен, доколку навистина верува дека, земено во целина, животот е убав. Неверојатен е начинот на кој Џони се соживува со улогата на Џек Спероу во „Пиратите од Карибите“. Тој едноставно се забавува со сѐ што прави.
3. „Мислам дека никој не е подготвен за смртта. Можеш само да се надеваш дека кога таа ќе настапи, ќе се чувствуваш дека си го кажал сето она кое си сакал да го кажеш. Никој не сака да си замине на сред реченица.“
Ова е навистина длабока, тешка, но сепак и забавна реченица. Тоа е Џони Деп – интелигентен, сериозен, а сепак многу духовит.
4. „Ако сакаш две личности истовремено, одбери ја втората, бидејќи ако навистина си ја сакал првата, немало да се заљубиш во втората.“
И повторно тој е во право. Ако некогаш сте биле изневерени, овој цитат на Деп можеби ќе ви отвори стара рана, но сепак ве советува дека ако вашиот партнер решил паралелно да биде со некој друг, никогаш не ве сакал доволно за да бидете единствените во неговото/нејзиното срце.
5. „Постојат 4 битни прашања кои треба да си ги поставиме во животот: „Што е свето? Од што е создадена човечката душа? За што е вредно да се живее и за што е вредно да се умре? Одговорот на сите прашања е ист – само љубовта.“
Ова е еден од најслатките и најромантични цитати на Џони Деп. Прекрасен е неговиот начин на размислување, дека нашите души се креирани од љубовта и поради тоа се свети. Кој не би се согласил дека вреди да се живее и да се умре само за љубовта?!
6. „Единствените суштества кои можат да почувствуваат и пренесат чиста љубов, се кучињата и бебињата.“
Ако некогаш сте имале куче или сте држеле в раце новороденче, тогаш ја сфаќате оваа мисла на Џони Деп. Бебињата и кучињата го имаат оној опоен љубовен поглед во нивните очиња; тие се толку невини и чисти во душата. Погледот кон нивните очиња, е навистина нешто што не може да се опише, туку само да се доживее.
7. „Кога децата полнат една година, тоа е како да се шеташ со минијатурна пијаница. Мораш да ги држиш покрај себе. Тие се удираат во предмети. Се смеат и плачат. Уринираат. Блујат.“
Навистина смешна реченица. Има ли нешто позабавно од гледање на едногодишно детенце како се тркала наоколу и се сопнува како некоја стара пијаница. Размислете за момент – ова е навистина многу соодветен опис на луѓето во првата година од својот живот.
8. „Една стара жена во хотелски ресторан во Лондон, ја праша мојата ќерка што работи нејзиниот татко. Таа одговори: „Тој е пират.“ Бев многу горд на нејзиниот одговор.“
Колку се само децата невини, искрени и слатки. Исто така, прекрасно е и тоа што Деп го обожавал одговорот на неговата ќерка.
9. „Не можете да ја испланирате длабочината на љубовта која ќе ја имате кон вашите деца. Постанувањето татко за мене не беше свесна одлука. Тоа беше дел од прекрасното патување на кое бев. Тоа беше судбина, к’смет. Целата математика конечно профункционира.“
Навистина е прекрасно да се слушне, дека Џони Деп бил толку возбуден и трогнат кога постанал татко, без разлика на тоа дали е холивудска ѕвезда или не. Имањето свое дете навистина го менува животот, но реткост е да чуете некој татко да зборува за татковството на ваков мил и интелигентен начин.
10. „Ако воопшто можам да извлечам некаква порака од мојата работа, е дека на крајот на краиштата, ОК е да се биде различен, добро е да се биде различен и треба да се преиспитаме себеси пред да дадеме суд за некого дека изгледа поинаку, се однесува поинаку, зборува поинаку или има различна боја.“
Баш убава порака испраќа Џони до светот. Сите ние треба меѓусебно да си ги прифатиме разликите, да не се оптоваруваме со површни работи, туку да го прославуваме човештвото со добрина и љубов. Ова е една од најдобрите изјави на Деп, бидејќи испраќа една длабока порака за толеранција и меѓусебно прифаќање на различните.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Мислам дека Вашите коментари се сосема излишни…
Сајтот не е од дневно-информативен карактер, па да се сервираат само голи информации, без печат на авторот. Кусите образложенија под цитатите, само го збогатуваат постот и го прават уште поинтересен. 🙂 Омилени цитати: бр. 3 и бр. 4 🙂
MB se slozuvam potpolno 🙂
da mnogu mi se dopaga dzoni dep samo ne znaci deka e bog istoto go mislam i za bilo koj drug akter ili akterka a zosto a zostto za niv ne se pisuva deka se ladnokrvni kako kamen deka zad niv imaat po deset razvodi i voopsto ne im e gajle na primer kako hajdi klum ili angelina dzoli imaat po 5 6 deca i po 25 26 slugi da im gi rastat dali tie nekogas osven za pred javnost zaspale so svoite deca im raskazale prikazna ili im namackale lepce so margarin im stoplile supa ili slicno ne veruvam kako e toa da se pravi sigurno samo slusnale nekoj im raskazal ili procitale nekade
Идеал <3
Коментарите кои ги објаснуваат цитатите изгледаат исто така преведени од некаде, а не личен став на „авторот“.
a 5toto bitno prasanje e koe e 5toto prasanje vo 5tiot citat 🙂
4. наш пропуст 🙂