Наргилето полошо отколку 100 испушени цигари

Наргилето полошо отколку 100 испушени цигари

Британските експерти предупредуваат дека, наргилето може да биде многу поопасно отколку цигарите. Помеѓу младите луѓе наргилето е особено популарно, меѓутоа Светската здравствена организација предупредува дека една „сеанса“ пушење наргиле може да биде полоша и од 100 испушени цигари.Наргилето полошо отколку 100 испушени цигариСпоред нивното истражување, еден пушач од една цигара во просек вдишува 12 пати, додека во едночасовно пушење наргиле околу 200 пати. Само бидејќи чадот од наргилето мириса многу поубаво од оној на цигарите, не значи дека не ги содржи истите штетни материи. Всушност, наргилето ги содржи истите токсини кои предизвикуваат појава на рак или на некое срцево заболување.

„Чадот од тутунот содржи голем број канцерогени супстанци кои ги оштетуваат клетките. Само една оштетена клетка може да се подели и размножи неконтролирано, па потоа брзо да доведе до појава на голем тумор. Ова обично се случува при појавата на рак на белите дробови“ – објаснува професорот Роберт Вест, кој ја предводи катедрата за истражување на влијанијата од тутунот на Универзитетот во Лондон.

Ентузијастите тврдат дека чадот кој проаѓа преку водата е ослободен од многу хемикалии, но сè уште не постојат докази за ваквите тврдења. Исто така, постојат други ризици при пушењето наргиле. Од едно наргиле најчесто пушат повеќе луѓе, при што може да се пренесат и многу други болести, како на пример туберкулоза или хепатитис.Наргилето полошо отколку 100 испушени цигариНаргилето пред многу векови почнало да се користи во Африка, Азија и на Блискиот Исток. Често се продава како сувенир на многу туристички локации, па токму затоа го има насекаде низ светот.

Водата во наргилето го лади чадот и го прави помалку остар, поради што луѓето подлабоко вдишуваат, одошто кога пушат цигара. Исто така, чадот од наргилето е сладок, бидејќи е ароматизиран со некој вкус на овошје, па затоа не го прифаќаме како нешто лошо за здравјето.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Пушач Reply

    Здраво
    Сте провериле да видите колку никотин и катран има во наргилето а колку во цигарите?
    Најпродаваните цигари во Македонија „Родео“ имаат отприлика 0,9мг никотин и 9мг катран.
    За разлика од нив, тутунот за наргиле има отприлика 0,5мг никотин и 0мг катран!!!

Остави коментар