Чанти за лаптоп кои би посакале да ги имате

Сподели

Многу луѓе живеат во брз чекор, земајќи ја со себе софистицираната мултифункционална машина т.н. лаптоп, каде и да одат. Поврзан на безжична конекција, тој стана неопходна алатка во модерното време, но преносливоста го зголемува ризикот за негово оштетување.

Реклама

Се прашувате како да го заштитите вашиот лаптоп, а истовремено да изгледате кул?

Стилска и модерна чанта за лаптоп која може да се менува во дури 8 различни облици. Можете да ја носите како актовка, торба, ранец, поштенска чанта, преку рамо или како плик. Собира 17 инчен лаптоп, но ако ја здиплите на половина ќе ви пасува и нетбукот. Во неа има доволно простор и за списанија, книги, тефтери или папки.

Друга креативна и интересна навлака за лаптоп, е дизајнот во облик на кошула со вратоврска, со корисно џепче за пенкало однапред. Ова е совршен додаток за вашиот лаптоп, со кој ќе ги импресионирате момците во вашата канцеларија.rn

rnОваа торба за лаптоп е со прилично футуристички изглед. Таа се фиксира на грбот на оној кој ја носи и на тој начин ги намалува шансите за удари на компјутерот.rn

rnЧантата во форма на аудио касета е одличен избор за оние кои преферираат ретро стил.rn

rnОвој ранец за лаптоп има вграден полнач на соларна енергија, така што сé додека има сонце, нема да ви се случи да останете со празна батерија.

Моделот на навлака кој ја имитира папката My documents, е интересен додаток за оние кои сакаат да изгледаат интересно и несекојдневно.

Љубител сте на „заразната“ играчка нинтендо? Сега имате можност да го сместите вашиот лаптоп во обвивка, која е скроена во стилот на легендарниот џоистик.

Популарно

Може ќе ве интересира