Вистинско спа-уживање во Исланд
„Blue Lagoon“ во Исланд е совршено место каде можете целосно да се опуштите и да заборавите на секојдневните обврски. Центарот на своите гости им нуди најразлични погодности: сауни, масажи, геотермални бањи. Прекрасниот спа-центар со својата природна убавина, секојдневно привлекува туристи од целиот свет. Со неверојатните глетки кои го одземаат здивот, „Сината лагуна“ е вистински рај на земјата.Спа-центарот се наоѓа на полуостровот Рејкјавик во јужно-западниот дел на Исланд, блиску до главниот град на Исланд, Рејкјавик. „Сината лагуна“ е единственото место во светот каде длабокиот морски гребен излегува на брегот. Температурата во огромното насобрано водно пространство, се движи од околу 37 до 39 степени Целзиусови. Самата вода содржи многу активни состојки кои помагаат гостите подобро да се релаксираат, како што се силициум диоксид, соли и сино-зелени алги. Воедно, белата силиконска кал помага во омекнување и екфолијација на кожата. Покрај тоа што спа-центарот им овозможува на гостите целосна релаксација, водата уште се користи и за произведување на електрична струја.Преку овие фотографии, можете барем за момент да се опуштите и да ја осетите магијата на „Blue Lagoon“.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.