Модерна куќа во Беверли Хилс за која сите би сонувале
На врвот на холивудските ридови се наоѓа извонреден дом изграден од израелскиот архитект Јечиел „Ели“ Јогев. Со големина од 790 метри квадратни, тој е еден од најуникатните во околината на Беверли Хилс и пошироко.Оваа „тврдина“ има базен на кровот, трем, внатрешен лифт, подрум за вино со стаклен под кој собира до 500 шишиња, високи плафони и стаклени ѕидови со височина од 6 метри. Осветлените водени патеки, увозните камења од Ерусалим, песочните камења, махагоните ѕидови и базалтните камени патеки се само неколку од многуте работи кои ги оставаат без здив сите оние кои ќе ја посетат куќата.Главниот дел на куќата е поврзан преку челичен мост со тремот на кровот каде што се наоѓа и базенот.Домот има 4 спални, кујна и 6 тоалети вклучувајќи ги и оние од гостинската куќа. Во главниот апартман има рачно изработени стаклени врати, телевизор кој е истовремено и огледало, приватен трем, спа-тоалет и голем гардеробер.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Баш и не ми се допаѓа.
damn*_*
sovrshena e
Не ми се допаѓа, премногу шарено.
ah be simona ne ti se dopaga sigurno vo nekoj kokosarnik zivees samo brcis ovde