Скорпијата ќе ве окова со златни синџири, близнаците ќе ве полудат од сомнежи, додека пак водолијата не го познава тоа чувство… Погледнете како машките претставници на хороскопските знаци се справуваат со љубомората.rnrn
rnrnОвенот како радар го следи секој чекор на својот партнер, а секоја насмевка подарена на некој друг или одењето во кафуле во туѓо друштво му забива нож во вљубеното срце. Во такви ситуации очекувајте жолчни изливи на љубомора, тешки обвинувања, па дури и закани. rnrnСкорпијата исто така може да се пофали со недостаток на тактичност. Опседнат со сексот и верноста, тој на секое навестување на флерт се чувствува повреден и предаден, па поради тоа тој партнерот го врзува со златни синџири на својата љубов, притоа давајќи му многу малку слобода.rnrnБиковите делуваат мирољубиво и добродушно, но нивната конзервативност може да стане агресивна и да создаде јасни забрани што ќе ве гушат вас и вашата врска.rnrnЉубомората на лавот е ласкава. Таа се воздигнува како џентлменска суета и жед за внимание од својата љубена. Таа љубомора не е нескротлива, само треба да се знае како да се контролира (попуштајќи на ситници).rnrnЈарецот многу бара од врската, но тој ретко кога ќе признае дека е љубоморен, па дури и на себеси. Но, кога одненадеж ќе стане студен, пакосен и затворен, треба да се запрашате дали можеби со премногу воодушевување сте зборувале за својот нов колега или сте го фалеле скапиот автомобил на младиот сосед.rnrnЉубомората на ракот е индиректна, по малку детинеста и смешна, но поради тоа не е помалку реална. Тој е многу сензибилен и ќе го почувствува секој ваш особен интерес како опасност за врската, а потврда за тоа ќе најде во вашиот секси фустан или во новите шеги. Поради тоа тој ќе се лути и ќе ве обвинува.rnrnРибите всушност не се љубоморни, туку несигурни и слепи од љубов, па се во состојба да истрпат многу, понекогаш плачејќи или само долго ќе молчат.rnrnРеакциите на вагата се помирни во однос на другите знаци, бидејќи таа се води според разумот и за овој знак важи дека не се сомнева.rnrnБлизнаците не се страсни, па доколку се посомневаат во верноста на својот партнер со лукава насмевка на усните ќе смислат тактика со која партнерот ќе го излудат од љубомора.rnrnЗа да ја направите девицата љубоморна ќе ви треба малку повеќе време, но кога еднаш ќе се посомнева, сама ќе измислува причини за да продолжи да истражува. Поради тоа ќе ви ѕирка во писмата и ќе ви „копа“ по џебовите.rnrnСтрелецот знае да биде непријатен, да навредува без да ги одбира зборовите и да го напушта партнерот за секакви глупости, но во повеќето случаи е толерантен.rnrnТипичната водолија (што не значи дека не постојат исклучоци) е личност со најголема доверба на светот. Љубомората ја смета за примитивно чувство на кое не му дава место во своето срце.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
