Интерактивна репродукција на „Ѕвездена ноќ“ од Ван Гог

Интерактивна репродукција на „Ѕвездена ноќ“ од Ван Гог

Грчкиот уметник и електроинженер Петрос Врелис, изработил интерактивна анимација на „Ѕвездена ноќ“, едно од најпознатите дела на Винсент ван Гог. Оваа некласична репродукција е проследена и со пријатна музика. Функционира на екран на допир, преку кој љубителите на современата уметност кои ќе дојдат во контакт со интерактивната слика, можат да го контролираат движењето, а со него и музичките тонови. Кога ќе престанат да манипулираат со сликата, таа се враќа во нејзината првобитна состојба.Интерактивна репродукција на „Ѕвездена ноќ“ од Ван ГогЗа да го создаде звукот и тој да се менува пропорционално со движењето на сликата, уметникот користел миди интерфејс. Анимацијата вклучува околу 80.000 честички, нацртани како „OpenGL“ минимапи, за чие движење бил изработен посебен „флуиден“ алгоритам. Преку следното видео, уживајте во овој уникатен спој на класичното и на современото. Пуштете го на цел екран.

„Ѕвездена ноќ“ го претставува погледот од прозорецот од собата во душевната болница каде се лекувал Ван Гог. Ова ремек дело на холандскиот пост-импресионист, се наоѓа во Музејот на модерна уметност во Њујорк, САД. Во едно од писмата адресирани до неговиот брат Тео, Ван Гог напишал дека е незадоволен со изгледот на сликата.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар