Рајско уживање во „базенот на ѓаволот“

Сподели

Ѓаволски добро пливање и рајски поглед, ви нуди бесконечниот природен базен на работ од Викториините водопади, на реката Замбези. Во периодот кога завршуваат сушите и реката е со најнизок водостој, овој природен луксуз е мета на илјадници туристи. Базенот е сместен на 103 метри височина и со право го добил името „Базенот на ѓаволот“. За да фрлите поглед надолу, треба да допливате до самиот раб и да се поткренете или качите на карпата која го заокружува.Водопадите се наоѓаат помеѓу африканските држави Замбија и Зимбабве. Патот до нив воопшто не е безбеден. Туристите одат на свој ризик, свесни дека лесно можат да настрадаат. По цена од 5 долари, тамошното население им нуди помош полесно да стигнат до базенот. Овие водопади се едни од најопасните во светот. Познати се и како „Чадот што грми“. Погледнете едно од многуте видеа снимени на оваа локација и објавени на Јутјуб.rn

Реклама

rn

Во продолжение, погледнете уште неколку фотографии направени од туристите, кои уживаат во малку повеќе адреналин. Ќе забележите дека и покрај ризикот, цели семејства одлучиле да го испробаат овој природен, бесконечен базен. Изгледа страшно, но и неверојатно возбудливо.

rn

rnБи се осмелиле ли и вие да му погледнете на ѓаволот право во очи? :-)rn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира