Училиште без ѕидови кое ја буди креативноста

Училиште без ѕидови кое ја буди креативноста

Замислете си колку би било јако сите да имавме можност да учиме во ваква несекојдневна релаксирачка просторија која ја буди креативноста. Шансата да бидат дел од училиште кое ветува дека се грижи за интересите и желбите на децата, ги мотивира, социјализира, ја поттикнува нивната креативност и го развива нивниот потенцијал, ја имаат учениците од Витра Телефонплан.

Училиште без ѕидови кое ја буди креативноста

Лоцирано во Стокхолм, ова шведско училиште е базирано на визијата за креирање место во кое физичкиот простор е најважната алатка за менталниот развој на учениците. Тргнувајќи од оваа цел, тим од архитекти од Роусан Бош го создале овој неконвенционален простор, во кој не постои ниту една класична училница.

Училиште без ѕидови кое ја буди креативностаУчилиште без ѕидови кое ја буди креативноста

Наместо тоа, учениците се оптегаат на зелените островски седалишта, учат на артистички дизајнирани клупи или се собираат во огромниот син амфитеатар, во кој има огромна санта мраз на сред просторија. Секоја уникатно дизајнирана просторија била промислено создадена на начин кој ќе ги поддржува целите на училиштето за поинаков начин на учење.

Училиште без ѕидови кое ја буди креативностаУчилиште без ѕидови кое ја буди креативноста

Петте главни простории за учење се: The Cave (Пештерата) која претставува приватен простор наменет за учење, The Lab (Лабораторијата) која е наменета за експериментални вежби и практична настава, The Camp Fire (Логорски оган) претставува просторија за работа во групи, The Watering Hole (Кафеана) која претставува место за дружба и средби и The Showoff (Фалбџијата) што претставува сцена на која учениците се фалат за нивниот прогрес и откритијата до кои дошле.

Училиште без ѕидови кое ја буди креативностаУчилиште без ѕидови кое ја буди креативностаУчилиште без ѕидови кое ја буди креативностаУчилиште без ѕидови кое ја буди креативностаУчилиште без ѕидови кое ја буди креативноста


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар