Запознајте ги новите неодоливи натпреварувачи во купот на кутрињата
Автор: Моника Трајковска
Американската ТВ програма „Animal Planet“ секоја година организира натпревар за млади кутриња на минијатурен терен за американски фудбал. Нивната задача е едноставна и забавна – да си играат со играчките кои се наоѓаат на теренот и да ја префрлаат малата пластична топка.Победникот е оној кој ќе биде најдруштвен и најфер играч, односно оној кој најмногу ќе се соживее со улогата и најинтересно ќе си игра. Бонус поени се добиваат доколку се забележат трикови, како одење на две нозе, тркалање по подот и слично…Како известувач за време на натпреварот, за тоа кој е во водство, како и за најдобрите одиграни моменти е папагалот, кој во живо преку мобилен постојано твита.Две групи на прасиња се верните навивачи на своите тимови. Тие во текот на целиот натпревар им даваат поддршка на кутрињата.За време на полувремето настапуваат група на мачиња. Во функција на мажоретки, тие ги забавуваат гледачите додека кутрињата се одмараат.Оваа емисија започнала да се емитува пред неколку години, како обид за вдомување на животни (сите учесници се земени од засолништа и центри за спасување на животни), но таа многу брзо преминала во една од најгледаните на „Animal Planet“. Минатата година оваа емисија ја следеле 9,2 милиони гледачи.Еве неколку фотографии од дел од натпреварувачите и останатите учесници во новата сезoна на „Puppy Bowl“.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
soncinjaaaa <3