Автор: Петар ТодоровскиrnrnrnИако е секојдневна машка работа, бричењето на лицето за многу мажи може да претставува вистинска болка. Секојдневното бричење не секогаш значи подобар изглед, туку може да донесе црвенило и непријатно чешање. Но, тоа не мора да биде така ако се следат следните неколку совети.
rn
Подготовка
rnТуширање со топла вода е најдобар начин да се подготвите за бричење. Топлата вода и пареата ќе предизвикаат отворање на порите на лицето и во голема мера ќе го олеснат бричењето.rnrn
Измијте го лицето
rnМиењето на лицето додека се туширате е еден од најважните чекори. Сапунот ќе ја симне нечистотијата од кожата и од влакната на лицето, а тоа ќе го спречи црвенилото и чешањето по бричењето.rnrn
Отстранете ги мртвите клетки
rnПо миењето убаво истријте го лицето. На тој начин ќе ги исчистите мртвите клетки од кожата, па подоцна тие нема да се закачат на бричот и да го попречат бричењето. Повторувањето на оваа рутина на секои два до три дена многу ќе ви ја олесни работата на подолг рок.
rn
Употребувајте квалитетен гел за бричење
rnДоколку не сакате да трпите болка, нанесување сапун пред бричење или бричење на суво не доаѓаат предвид. Нанесете квалитетен гел за бричење, кој ќе помогне во отворањето на порите и ќе го спречи црвенилото. На пазарот можат да се најдат повеќе различни брендови, некои поскапи, некои поевтини, но ова не е момент кога треба да штедите пари. Со мала разлика во цената ќе добиете извонреден ефект на вашето лице.rnrn
Употребете квалитетен брич
rnБричењето ќе биде онолку добро колку што е добар бричот. Слично како и во случајот при изборот на гел за бричење, и при изборот на бричот, со малку поголема инвестиција ќе добиете значително подобар ефект. Оние со три или пет жилети се малку поскапи, но можат да се користат многу повеќе пати, а даваат и одличен резултат.rnrn
Внимавајте на техниката на бричење
rnБричењето не се состои од едноставно поминување со бричот по лицето. Вратот и долниот дел од брадата бараат бричење од надолу кон нагоре, а горниот дел од брадата обратно.rnrn
Исплакнете го лицето
rnВеднаш по последното поминување со жилетот исплакнете го лицето со топла вода. Ова е многу едноставен и брз чекор кој многу помага.rnrn
Не употребувајте крпа
rnНемојте да го бришете лицето со крпа откако ќе го исплакнете, затоа што малите влакненца и конци од крпата ќе се закачат на кожата и ќе ја иритираат. Иако не е многу пријатно да ја оставите водата да ви капе од лицето, со ова може да пропадне целиот претходен труд.
rn
Нанесете балсам за после бричење
rnСамо соодветен балсам или крем може да го омекне и освежи лицето по бричењето. Многу попопуларната колонска вода можеби мириса убаво, но ги нема состојките што му се потребни на лицето по „тортурата“ со жилетите.rnДури и кога не се бричите може да направите некои работи кои ќе ви помогнат да го спречите црвенилото и чешањето во иднина. Секојдневното миење на лицето со антибактериски сапун му пружа дополнителна заштита, а доброто чување на „опремата“ за бричење гарантира дека таа ќе остане чиста и нема да ја упропасти работата и покрај големиот труд.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
