Како да го сокриете вишокот килограми?

Сподели

Оние екстра килограми кои сте ги добиле за време на празниците или сте ги имале претходно, се најтешки за елиминирање. Но, наместо да чекате подолг период за да се ослободите од нив, стилистите ви откриваат неколку трикови како веднаш да ги прикриете критичните делови.rn

Реклама

Тон скапоцени камења

rnОдвлечете го погледот од половината и фокусирајте го околу вратот со помош на масивен накит како индивидуален додаток или пак како дел од фустанот. Така не само што ќе го прикриете критичниот дел, туку и ќе го разубавите деколтето.

rn

Сјајни чевли

rnИграјте си со додатоците, но фокусирајте се и на вашите стапала. Носете високи сјајни потпетици со боја идентична на вашата кожа. Тие ќе ви додадат екстра висина и ќе ја издолжат вашата силуета.

rn

Дефинирање на моментот

rnРетро фустаните во А-линија нудат јасно дефинирана половина. Ако вашиот проблематичен дел се колковите, овие фустани се одличен избор затоа што го оддалечуваат погледот од нив, а го фокусираат кон половината.

rn

Секојдневно и кул

rnУдобните алишта се исто така одлични за сокривање на килограмите. Тесните фармерки комбинирани со блескава јакна ќе го одвлечат вниманието од вашата половина. Стратегијата ќе биде поуспешна ако додадете и чанта со должина до колковите.

rn

Големото откривање

rnФустан со долги ракави со должина до земјата, е исто така одличен избор посебно ако на него има отсечени делови на сигурните зони. Со откривањето на сигурните зони, истовремено се прикриваат проблематичните делови од телото.

rn

Чиста убавина

rnЦрните хулахопки се доволно транспарентни за да биадт секси, а сепак да имаат ефект на послаби нозе и колкови.

rn

Убаво царство

rnКласичен кралски модел, кој ја дефинира половината и ги открива рамењата, одлично ги сокрива недостатоците кај секое пониско тело.

rn

Разголено рамо

rnФокусирајте ги туѓите погледи на горниот дел од вашето тело. Тоа можете да го постигнете со помош на несиметрично деколте, кое истовремено ќе ги истакне и рамењата.

rn

Широк капут

rnШирокиот капут или џемпер може да сокрие голем дел од недостатоците. Најдобро е ова парче облека да се комбинира со високи чизми.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира