Трогателни портрети на бездомници

Трогателни портрети на бездомници

Самоукиот фотограф Ли Џефрис, преку своите дела се обидува да ни го долови мачниот живот на бездомниците. Тој фотографира нивни портрети додека тие му зборуваат за своите судбини, за тоа како од нормален живот, изгубиле сè и завршиле на улиците. Фотографиите се навистина трогателни и полни со емоции.

Трогателни портрети на бездомнициТрогателни портрети на бездомници

Британецот Џефрис кариерата ја започнал како спортски фотограф на фудбалските терени во Манчестер. Но, неговиот уметнички пристап трајно се променил, кога во 2008 година, на улиците во Лондон скришно фотографирал 18-годишна девојка-бездомник како спие на улица. Младата девојка забележала дека ја фотографира. Тоа за Џефри било сигнал дека треба да замине оттаму, но, сепак, нешто го натерало да остане, да ѝ се обрати и да ја слушне нејзината приказна.

Тенот на лицето ја издал дека е зависник од дрога. Таквиот живот за неа станал реалност откако ѝ починале родителите и останала без домот. Ова го трогнало Џефрис. По разговорот, целата перцепција за бездомниците му се сменила и одлучил тие да станат темелот на неговата уметност. Оттогаш, грчевито се држи кон изработка на портрети на обесправените.

Трогателни портрети на бездомници

 

„Правам напор да се запознаам со секој од нив, пред да им побарам дозвола за да изработам нивни портрети. Морам да видам емоции во субјектите кои ги фотографирам. Преку нивните очи, можам да ја почувствувам нивната тага. Зачекорувам во нивниот свет. Сите останати поминуваат покрај нив како тие да се невидливи, но јас поминувам низ нивниот страв, со надеж дека и другите ќе сфатат дека овие лица се исти како мене и како нив“, вели 40-годишниот фотограф.

Трогателни портрети на бездомнициТрогателни портрети на бездомници

Страста на Џефрис за фотографирање портрети на лицата отфрлени од општеството, за кусо време станала и негова животна мисија. Тој се обидува преку своите фотографии да го привлече вниманието на јавноста, со цел да собере пари за бездомниците, да ги тргне од улиците и да им обезбеди засолниште. Затоа и одлучил да учествува на натпревари и портретите да ги објавува на интернет.

Во изминатите три години, тој освоил трето, второ и прво место на натпревари за најдобри амaтерски фотографии. Вели, не може да замавне со магично стапче и да им овозможи на сите добри услови за живот, но преку фотографиите може да ја подигне свеста кај луѓето, кои секојдневно ги заобиколуваат бездомниците, без воопшто да помислат дека им е потребна помош.

Фотографира исклучително во црно-бела техника. Мноштвото негови фотографии се неверојатно темелни и детални, зрачат со суровост, карактер, искреност, длабочина. Има изработено повеќе од 135 вакви фотографии. Ние во продолжение ви издвоивме само мал дел од нив. Останатите може да ги погледнете на Фликр.

Трогателни портрети на бездомнициТрогателни портрети на бездомнициТрогателни портрети на бездомнициТрогателни портрети на бездомнициТрогателни портрети на бездомнициТрогателни портрети на бездомнициТрогателни портрети на бездомнициТрогателни портрети на бездомнициТрогателни портрети на бездомнициТрогателни портрети на бездомнициТрогателни портрети на бездомнициТрогателни портрети на бездомнициТрогателни портрети на бездомнициТрогателни портрети на бездомнициТрогателни портрети на бездомнициТрогателни портрети на бездомнициТрогателни портрети на бездомнициТрогателни портрети на бездомнициТрогателни портрети на бездомнициТрогателни портрети на бездомнициТрогателни портрети на бездомници

Во неговите фотографии има бездомници од различни делови на Европа и на САД. Тој сам се финансира, го користи неговиот одмор да патува низ светот, со цел да го продолжи неговиот проект за спасување на бездомниците.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар