Потребно е многу време за да се научи уметноста за виткање на косата, а многубројни фактори влијаат на крајниот резултат: времето, кои препарати за стилизирање и за заштита од топлина ги користите, кога последен пат сте ја измиле косата, типот на косата и др. Техниката на виткање на косата е многу важна. Не користете го фигарото само за вртење на едната страна туку вртете го и на спротивната страна или пак наизменично во двете насоки.rnrn
rn
1. Виткајте ја косата и од левата и од десната страна
rnАко некогаш за ова сте гледале туторијал на Јутјуб, најверојатно сте забележале дека сите стилисти советуваат подеднакво да ја виткате косата и на левата и на десната страна.rn
„Виткањето на косата на наизменични страни ѝ овозможува таа да се движи во различни насоки, да добие природен и разбушавен изглед“, објаснува Пол Перез, стилист за коса од Лос Анџелес.
rn
2. Држење на пеглата или фигарато вертикално
rnПред да ја замотате косата околу загреаната преса или фигаро, проверете како ја држите. Ако ја држите вертикално ќе добиете опуштен, природен изглед.rn
„Виткањето на косата додека го држите фигарото вертикално, создава олабавени, природни бранови и вие добивате секојдневен изглед“, објаснува Перез.
rn
3. Држење на пеглата или фигарато хоризонтално
rnАко сакате фризура која потсетува на гламурот во Холивуд од минатиот век тогаш при виткањето на косата фигарото или пресата држете ги хоризонтално.rn
„Виткањето на косата со хоризонтално поставена преса или фигаро создаваат локни во форма на буквата С, кои ви дават гламурозен и свечен изглед“, додава Перез.
rn
4. Грешки кои би требало да ги избегнете
rnНаизменичното виткање на косата на двете страни е во ред, но внимавајте крајниот резултат да не излезе на едната половина локните да одат на едната, а на другата половина да одат на другата страна. Ова може да ја уништи вашата фризура, но и целиот изглед.rnrnВнимавајте и на температурата на фигарото или пресата. Треба да биде доволно загреана за да прави локни на вашата коса, но не премногу жешка за да ви ја оштети косата.