Раздвижена „Мртва природа“

Сподели

Креативниот ум на програмерот Скот Гарнер ја воодушеви интернет-публиката, со неговото последно и необично дело „Мртва природа“. Покажува и докажува дека и програмирањето е уметност. Сликата е само навидум статична, налик останатите од жанрот мртва природа, но ако ја искривите, 3Д проектираните предмети ќе се стркалаат во рамката.Основата на сликата секако не е платно, туку телевизор со рамен екран. Таа користи софтвер Unity 3D (развојна алатка за игри), сензори за движење и едноставна апликација програмирана во„C“, која ја создава гравитацијата. Сето ова го овозможува придвижувањето на 3Д предметите.
rn

Од хардверска страна има рачно направена рамка за телевизорот, кој е поврзан со ротирачка подлога од Ergomart. На задниот дел од телевизорот е прикачен сензор. Од софтверска страна пак, е користена едноставна апликација направена во програмскиот јазик „C“ за комуникација со сензорот и за пренесување на податоците до Unity 3D-сцената. Самата сцена се состои од камера поврзана со сензорот и со сите светла и предмети кои ротираат усогласено“, објаснува Гарнер.

Реклама

rnПреку следното видео, погледнете како бил создаден овој проект и како тој функционира:rn

rnПроектот е финансиран од компанијата Superfad Seattle.rn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира