Додека останатите уметници низ светот користат акрилни и мрсни бои за да создадат некое уметничко дело, Елизабета Рогаи твори со помош на вино. Уметничката која живее и работи во Фиренца, користи црвени и бели вина при сликањето на нејзините портрети. Не само што е интересен нејзиниот концепт за користење на ферментиран алкохол наместо обични бои, туку нејзината техника овозможува впечатливо визуелно дело кое се менува како што минува времето.rnrn
rnrnТоа се случува благодарение на процесот на стареење на виното кое им дава волшебен шмек на нејзините дела. Таа црта во пурпурни и црвени тонови, кои потоа преминуваат во портокалови и кафени.rnrn
rnrnИако и други уметници се обиделе да го направат ова, сепак оваа артистка после многу неуспешни обиди и грешки, успеала да ја создаде вистинската формула за одржување на боите со текот на времето. Таа во виното додава микс од вода и брашно, кој овозможува процесот на стареење да трае до одреден момент, пред сликата тотално да избледи. Нејзините слики на пазарот постигнуваат голема вредност и се продаваат по цена која започнува од 6.400 американски долари.rnrn




rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
