Јарецот и ракот се спротивни знаци во зодијачкото тркало, но тоа не значи дека тие не можат да бидат пријатели. Напротив, јарецот може да чувствува голема блискост со внимателниот и грижлив рак, кој му го стоплува срцето. Истовремено, ракот ги препознава неговите менаџерски предиспозиции во јарецот, поради што може да смета дека нивните карактери имаат сличности.
На ракот му се допаѓа особината на јарецот да не си ги доживува разочарувањата лично. Од друга страна, јарецот ја обожава способноста на ракот да направи сите околу него да се чувствуваат топло и удобно. Овие пријатели имаат една специфична заедничка карактеристика, а тоа е одличната смисла за хумор. И покрај тоа што ракот преферира „црн“ сарказам, а јарецот ужива во прости шеги, овие двајца сепак се смеат громогласно на повеќето шеги кои меѓусебно си ги кажуваат.rnrnИ покрај тоа што јарецот не може да сфати што му се случува на ракот која ќе се расплаче на сред обична сцена во филм, сепак и тој не е совршен. Така на пример, неговиот бизнис пристап кон луѓето кои ги запознал на журка, може да го вознемирува ракот. На ракот му оди на нерви, кога јарецот се однесува како работата да му е поважна од нивното пријателство. Јарецот, пак не може да излезе на крај со променливото расположение на ракот.rnrnДоколку јарецот и ракот успеат да замижат пред слабостите на нивниот другар, тие ќе уживаат во нивната дружба. Преставниците на овие два знака најчесто ја сакаат историјата, па може да уживаат во забавни активности како преуредување на стари куќи, прешивање на старомодна облека и од неа, создавање модерна, како и во продавање скапоцени антички предмети. Исто така, тие може да уживаат пеејќи песни на караоке, да приготвуваат вкусни јадења, да играат друштвени игри како Монопол или да се занимаваат со некои спортови на вода.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
