Претходно
Колекцијата пролет/лето 2012 на „H&M“
Датум: 12 јан 2012
Коментари: 0
Колекцијата пролет/лето 2012 на „H&M“ нуди нови интересни парчиња облека. Повеќето комбинации се направени во светли и тренди бои, а колекцијата вбројува фустани, чевли, панталони, здолништа, сакоа, очила за сонце, блузи, кошули и уште многу други парчиња. Оваа колекција на едноставни парчиња е уште еден приказ на стилот кој го практикува овој бренд, скромна и ненападна облека, која доколку е добро искомбинирана, делува фантастично. Колекцијата вбројува и парчиња направени во ретро стил, а за изработка на целата серија биле употребувани памук, свила, лен кожа и други материјали.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.