КАФЕ ПАУЗА

Како да свртите страница од весник?

Како да свртите страна од весник?

Овој неверојатен механизам, наречен „The Page Turner“, револуционерно ќе го промени читањето на вашиот весник. Отсега вие ќе можете спокојно да си читате, без притоа да треба да ги вртите страниците на весникот, бидејќи овој изум ќе го прави тоа за вас.rnrnКако да свртите страница од весник?rnrnИнвенторот Џозеф Хершер се занимава со кинетичка уметност и создава софистицирани системи кои извршуваат секојдневни работи благодарение на комплициран синџир од последователни реакции. Станува збор за креации кои се познати под називот „машините на Руб Голдберг“, благодарение токму на познатиот цртач, карикатурист и инженер Руб Голдберг, кој прв започнал да ги црта овие комплексни направи. Подоцна овој концепт почнува да се употребува во многу играни и цртани филмови. Со сигурност сите ја паметите комплексната машина која ќе ја создаде Том за конечно да го фати Џери?rnrnrn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.