КАФЕ ПАУЗА

5 кратки совети за успешен работен ден

5 кратки совети за успешен работен ден

Автор: Весна ЈовановскаrnrnСамо мали измени во секојдневната работна рутина, може да ве направат попродуктивни и да постигнете многу подобри резултати. Ви нудиме пет куси и едноставни совети, кои ќе ви помогнат да внесете свежина во вашата работна средина, да ги подобрите односите со колегите или да ги обновите контактите со подзаборавените пријатели и соработници.5 кратки совети за успешен работен денrn

1. Разбудете се порано

rnЗапочнете да се будите барем половина час порано од вообичаено. Колку повеќе обврски ве чекаат, толку порано нека ви ѕвони алармот. Најдобро време да ги завршите обврските е токму утрото, пред да започне да се полни вашата електронска пошта со пораки и нови задачи од колегите и соработниците. Со новиот почеток на денот, ќе избегнете натрупување на обврските, а со тоа ќе им ставите крај и на главоболките.5 кратки совети за успешен работен денrn

2. Читајте весници и гледајте вести

rnАко го практикувате ова, вие ќе бидете чекор пред останатите. Не само што ќе знаете што се случува во светот, туку и полесно ќе ги препознаете, односно откриете новите можности за ваш личен напредок или напредок на вашиот бизнис. Ќе имате јасна претстава и планови за денот, уште пред вашите конкуренти да го испијат првото утринско кафе.5 кратки совети за успешен работен денrn

3. Испратете по некој неформален имејл

rnВо знак на внимание, испратете ù нешто на личноста која ја гледате како ваш иден работодавач или на вашите потенцијални купувачи. На пример, пуштете им по еден кус имејл кој ќе содржи некој корисен линк или едноставно поздравете ги и прашајте ги како се.5 кратки совети за успешен работен денrn

4. Стапете во контакт со некој стар пријател или соработник

rnПробајте да искомуницирате со некој стар пријател или поранешен соработник. Одберете некој што не сте го виделе со години и пријатно изненадете го. Прашајте го како е, што работи во моментот, дали и како можете да му помогнете или пак, вие сугерирајте му помош. Верувајте, ќе му го разубавите денот.5 кратки совети за успешен работен денrn

5. Испратете рачно напишана порака

rnЗаблагодарете се на стариот добар начин. Испратете рачно напишана белешка до колегите или соработниците. Сериозно. Тоа е изгубена навика, но ве уверуваме дека впечатокот ќе биде оригинален. Сигурно постои некој кому сè уште не сте му кажале благодарам. Ова е вистинскиот начин да го сторите тоа.5 кратки совети за успешен работен ден
rnrn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.