Ако славите Нова година со друштво во домашна атмосфера и сакате прославата да ви остане долго во паметење, можете да ја зачините во креативен дух.rnrn
rnrnПокажете се пред вашите гости, послужувајќи им некои од овие невообичаени, но интересни коктели кои ќе ја подигнат атмосферата до највисоко ниво.rnrn
Мохито со шампањско
rn
rnrn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 100 г шеќер
- 170 мл вода
- 6 зелени лимони, исечкани на резанки
- ливчиња нане
- 450 мл бел рум
- поголемо количество кршен мраз
- 700 мл шампањско
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnВо мал метален сад ставете ги шеќерот и водата и загрејте ги додека не добиете густ шербет. Откако ќе го тргнете од оган, оставете го на собна температура да се олади.rnrnВо голем бокал искомбинирајте ги шербетот, резанките зелен лимон и ливчињата нане и убаво измешајте ги со дрвена лажица. Потоа додадете го румот и повторно убаво измешајте.rnrnЗемете неколку тенки високи чаши за вино и во нив ставете 1/3 искршен мраз. Потоа додадете од измешаниот пијалак уште 1/3, а последната третина пополнете ја со шампањско. Декорирајте со неколку ливчиња нане.rnrn
Виски со црвен портокал
rn
rnrn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- коцки мраз
- 75 мл цеден џус од црвен портокал
- 50 мл виски
- 15 г шеќер во прав
- 1 капка алкохолен битер (пијалак со горчлив вкус)
- 1 резанка црвен портокал
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnЕдна ниска чаша наполнете ја со неколку коцки мраз. Додадете го сокот од црвен портокал, вискито, шеќерот во прав, битерот и убаво промешајте. Декорирајте со резанка портокал.rnrn
Варено вино
rn
rnrn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 1 калифорниски портокал
- 1 литар сок од јаболка
- 30 г мед
- свеж ѓумбир, ситно сечкан
- 10 суви боровинки
- 10 стапчиња цимет
- 1 шише суво црвено вино
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnОлупете го портокалот и испланирајте како да го искористите бидејќи за коктелот ни е потребна само неговата кора. Во голем метален сад измешајте ги кората од портокалот, сокот од јаболко, медот, ѓумбирот, сувите боровинки и две стапчиња цимет. Оставете ги 20 минути на загреана рингла.rnrnПотоа пополека почнете да го додавате виното и оставете го на оган убаво да се загрее. Сипете го пијалакот во широки стаклени чаши и декорирајте со останатите стапчиња цимет.rnrn
Чоколаден коктел со вкус на мента
rn
rnrn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 20 мл текила
- 30 мл узо
- чоколаден сируп
- шеќерно бастунче
- 20 мл чоколаден ликер
- мраз
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnВрвот на една чаша за мартини украсете го со чоколаден сируп и трошки од искршено шеќерно бастунче. Алкохолните состојки и мразот ставете ги во шејкер и убаво протресете ги. Добиениот пијалак сипете го во чашата за мартини, а дополнително декорирајте со шеќерно бастунче.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
