Стрелец и риби – пријателска комбинација
Одржувањето пријателство помеѓу стрелец и риби, може да претставува предизвик за секој од нив. На рибите им се потребни луѓе на кои можат да се потпрат за што и да треба, а стрелецот си ја цени неговата независност. Рибата сака да мирува и да „сонува“ во големи размери, а стрелецот сака да биде во движење. Стрелецот е полн со ентузијазам и енергија, кои може понекогаш да ја изморуваат спокојната и опуштена риба. Рибите стануваат емотивни и се вознемируваат кога ќе се случи некоја непријатност или недоразбирање, а стрелецот е брутално искрен тип човек. Ако рибата качила неколку килограми, стрелецот ќе биде првиот кој ќе ѝ го потенцира тоа, со што може да ги повреди нејзините чувства. Но, оваа фрустрација не е еднострана. Променливото расположение на рибата може понекогаш да ја уништува позитивната енергија кај стрелецот. Исто така нејасноста и двосмисленоста кои се дел од карактерот на рибата, може да го вознемируваат стрелецот. Од друга страна, непостојаноста на стрелецот, може да ја отуѓи рибата.
Но, овие пријатели сепак можат да најдат заедничка подлога, бидејќи двајцата се спиритуални луѓе. Дискутирање на теми како филозофија, психологија и религија може да создаде цврста врска помеѓу нив двајца. Воедно, стрелецот и рибата се екстремно искрени луѓе и секој од нив ја почитува подготвеноста на нивниот пријател да се воздржи од замерување, со цел да остави простор да научи нешто ново од разговорот.
За среќа, и стрелецот и рибите се многу лекомислени личности, кои умеат веднаш да го сменат расположението и да ја развеселат атмосферата кога ситуацијата ќе стане напната.
Ова пријателство ќе се одржи на цврста основа доколку рибата и стрелецот ги прават оние активности, кои и двајцата ги обожаваат како: пливање, пишување/читање поезија, танцување и шетање низ религиозни градови како Ерусалим или културни градови како Париз. Исто така може да уживаат во хобија како возење ролери, колекционирање поштенски марки и одгледување домашни животни.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.