10 предлози за совршен новогодишен подарок за жена

Сподели

Автор: Марија П.

Реклама

Се наближуваат новогодишните и божиќните празници, а вие сè уште не сте купиле подарок за најблиските? Погледнете неколку предлози со кои сигурно ќе измамите насмевка и задоволство на нивните лица, а вашиот гест ќе ги стопли за време на студените денови.

1. Салонки на висока потпетица – Секоја девојка сонува за ваков подарок. Одлични за време на најлудата ноќ.

2. Ракавици – Со весел дезен, никого нема да остават рамнодушен. Плус, ќе им ги стоплите рацете.

3. Пар чорапи – Шарени и штосни, можат да се подарат на пријател или на близок роднина.

4. Комплет долна облека – Изненадете ја вашата сакана со прекрасен комплет. Ќе ви биде благодарна.

5. Паричник – Не заборавете да ставите некој денар внатре. 🙂

6. Торба за викенд – Доволно голема за да ги спакувате најбитните работи за да заминете на новогодишна забава надвор од градот.

7. Џемперче – Интересен дизајн. Впечатлива боја.

8. Миризлива свеќа – За долгите зимски ноќи… Предлагаме со мирис на цимет и ванила.

9. Сет: гел за туширање и лосион за тело – убаво спакувани…

или… пенлива купка која се раствора во вода – ќе создаде пена, а на кожата ќе остави блескав траг.

10. Книга – Колку повеќе страници, толку подолго задоволство.


rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира