Кога ги гледате хип-хоп музичките спотови и гледате многу, но навистина многу накит на рацете, најверојатно помислувате дека никогаш не би носеле нешто такво. Сепак, ако ги следите модните трендови, тогаш најверојатно ќе го испробате и ова, па уште веднаш можеме да ви кажеме дека воопшто не е лошо.rnrn
rnrnСтанува збор за многу впечатливи прстени на двете раце. Погледнете како изгледа овој масивен накит во своето вистинско светло!rnrn
rnrnНа ревијата на брендот Гучи можеше да се види овој нов моден тренд и бидејќи изгледа феноменално, девојките и жените ширум светот побрзаа да го почнат да го применуваат и во секојдневните модни комбинации.rnrn
rnrnНајважно е прстените да бидат шарени, да имаат пулејки, циркони, бисери и апсолутно не мора да се вклопуваат еден со еден. Овој накит не мора да биде скап, но важно е да не изгледа евтино.rnrn
rnrnНајдобро од сè е тоа што прстените не мора да ги носите само со фустани и свечени комбинации, туку можете да го сторите тоа и со фармерки и блуза, за на лежерните комбинации да им дадете малку гламур. Она што не треба да го носите со овие прстени се, секако тренерките и доста спортските варијанти.rnrn
rnrnОвој тренд навистина ви овозможува многу можности за да си поиграте со модата и да им покажете на сите колку сте шик!rnrn
Најновиот моден тренд, кога е накитот во прашање, нема да ве остави рамнодушни
