Поезија: Јуни

Сподели

Автор: Искра

Реклама

Пред 6 години во јуни,rnтелата ни беа потенки,rnдушите послободни,rnа грижите некако детинести.rnСе соблекувавме крај ширум отворената балконска врата,rnсе допиравме како да ни е првпат,rnсе сакавме без да не оптоварува мислата за љубовта…rnСакам да е јуниrnи тоа не кој било, туку оној кога го осетив она,rnзнаеш… истото што го осети и ти.rnСега се допираме, поретко од порано,rnпоинаку од порано…rnСега сме пријатели, најверни другари,rnбизнис партнери и партнери во домот.rnМи недостига да грицкаме семки за 20,rnда шетаме цела ноќ по Партизанска,rnда ме испратиш до влезот на мојата зградаrnи пешки да се вратиш до твојата.rnМи недостига да не можеш да си дозволиш роза,rnно сепак да купиш една за мене со парите од твојот пропуштен оброк.rnБи сакала да беше јуни,rnне оној кога бев дете,rnне оној кога веќе станав жена,rnго сакам точно оној јуни,rnкога јас и ти бевме млади, заљубени и безгрижни,rnкога те сакав помалку од денес, но поубаво,rnкога не мислев на иднина, туку на сегашност,rnкога повеќе се смеев одошто плачев,rnкога твојата љубов ја купував со мојата,rnа ти мојата ја освојуваше на кредит…rnЗнам дека времето не оди наназад,rnи дека денес можеби е дури полесно од тогаш,rnно ете така, овој декемвриrnсакав да се сетам на јуни,rnне на кој било…rnна оној кога бев посреќна со помалку…

Популарно

Може ќе ве интересира