Во зима пиеме премалку вода, а не сме свесни: Знаците на дехидрација што ги мешаме со замор

Сподели

Во лето водата сама ни „бара“ да ја пиеме. Во зима, пак, цел ден може да поминеме со две-три кафиња и неколку голтки вода, а да не почувствуваме жед.

Реклама
Реклама

Но, телото губи вода и кога е ладно.

Реклама
Реклама

Зошто во зима не сме жедни

Кога е студено, крвните садови во рацете и нозете се стеснуваат, а повеќе крв останува во средината на телото. Мозокот тоа го сфаќа како знак дека имаме доволно течност, па жедта е послаба.

Истражувањата покажуваат дека на студ чувството за жед може да биде значително намалено, иако на телото му треба вода исто како и во лето.

Реклама

Каде ја губиме водата

  • сувиот воздух во затоплените простории ја исушува кожата и слузницата
  • секој здив на студ – оној „пареа“ што ја гледаме – е вода што ја губиме
  • под јакната и џемперот се потиме, а не го ни забележуваме тоа
  • многумина пијат кафе и чај наместо вода

Знаци дека пиете премалку

  • темна урина и ретко одење во тоалет
  • главоболка, особено попладне
  • замор и потешка концентрација
  • сува кожа и испукани усни
  • чувство на глад, иако неодамна сте јаделе

Многумина овие знаци ги припишуваат на студот, на изморот или на зимата, а всушност им треба само чаша вода.

Како да пиете повеќе

  • ставете шише вода на работната маса, на видно место
  • пијте топла вода или чаеви – и тие се сметаат
  • јадете супи, чорби и овошје, како мандарини и портокали
  • по секое кафе испијте чаша вода

Здравите возрасни од пијалаци и храна вкупно треба да внесат околу два литри вода дневно, а мажите малку повеќе. Дел од тоа доаѓа и од храната.

Најлесниот знак дека пиете доволно е светлата, речиси проѕирна урина.

Најново

Може ќе ве интересира