Знаци дека акумулаторот ќе ве остави на цедило: Зошто колата најчесто „умира“ во првото ладно утро

Сподели

Првото навистина ладно утро е денот кога многу возачи ќе завртат клуч, а колата нема да запали.

Реклама
Реклама

Причината речиси секогаш е иста – акумулаторот.

Реклама
Реклама

Зошто баш во зима

Акумулаторот работи на хемиска реакција, а студот ја забавува. На нула степени тој има околу петина помалку сила, а на минус 18 степени речиси половина.

Истовремено, моторот на студ бара повеќе сила за да запали, бидејќи маслото е погусто.

Реклама

Затоа акумулаторот што во лето „држеше“ без проблем, во зима одеднаш се предава.

Знаци дека е на крај

  • моторот се врти бавно и тешко кога палите, особено наутро
  • светлата се послаби кога колата е во празен од или кога палите
  • на таблата светнува лампичката за акумулатор
  • на половите има бела или зеленкаста наслага
  • акумулаторот е постар од четири-пет години

Ако забележите повеќе од еден знак, не чекајте. Во многу сервиси и продавници за авто-делови акумулаторот се проверува бесплатно за неколку минути.

Како да го зачувате

  • кратките возења не му даваат време да се наполни – повремено возете подолго
  • пред палење исклучете ги светлата, радиото, греењето и бришачите
  • не оставајте ништо вклучено додека колата стои
  • одржувајте ги половите чисти

Исправниот акумулатор кога моторот е исклучен покажува околу 12,6 волти. Ако покажува под 12,4, треба да се наполни.

Ако мора да палите со кабли

Прво поврзете го црвениот кабел на плусот од празниот акумулатор, а потоа на плусот од исправниот.

Потоа црниот кабел поврзете го на минусот од исправниот акумулатор, а другиот крај на непобоено метално место на моторот од колата што не пали – не на самиот акумулатор.

Запалете ја исправната кола, почекајте неколку минути, па палете ја другата. Каблите вадете ги по обратен редослед.

Најново

Може ќе ве интересира