Несекојдневниот календар на еластичната Русинка Злата

Несекојдневниот календар на еластичната Русинка Злата

Којзнае колку би ни било интересно и практично да можевме да си ги префрламе стапалата преку рамена додека читаме книга за да ги одмориме рацете или да го превиткаме ’рбетот под прав агол за убаво да се истегнеме секогаш кога имаме болки во грбот. „Гумената“ Русинка Злата покажува дека може многу повеќе од тоа, позирајќи на 12 несекојдневни и секси начини, за нејзиниот календар за 2012 година.Несекојдневниот календар на еластичната Русинка ЗлатаЗлата не само што е неверојатно флексибилна и може да го витка телото како ù душа сака, таа очигледно може да работи и некоја друга работа паралелно, на пример да готви со една нога префрлена преку главата. 🙂Несекојдневниот календар на еластичната Русинка ЗлатаОваа Русинка, која сега живее во Германија, а чие вистинско име е Julia Gunthel, го открила нејзиниот талент кога имала само четири години и уште од таа возраст можела да го витка телото наопаку. Чуден пресврт во нејзината кариера е тоа што таа во ноември оваа година, го освоила Гинисовиот светски рекорд за најбрзо дупнување три балони со грб, кое таа го извела за само 12 секунди.Несекојдневниот календар на еластичната Русинка ЗлатаРусокосата акробатка која е висока 175 сантиметри, а тешка 54 килограми, поголемиот дел од денот го поминува вежбајќи и подготвувајќи се за шоута ширум светот на кои таа настапува. Една од омилените пози на поранешната гимнастичарка е онаа кога го витка долниот дел од телото наназад, формирајќи совршен агол од 90 степени, при што виртуелно изгледа како да е пресечена на пола бидејќи за нас, обичните смртници, е невозможно да си ги качиме стапалата на глава.Несекојдневниот календар на еластичната Русинка ЗлатаНесекојдневниот календар на еластичната Русинка ЗлатаНо, талентот на оваа дваесет и петгодишна девојка не завршува овде. Таа исто така, умее да го свитка целото тело за да влезе во кутија со големина од 50 сантиметри квадратни.
.

Правењето на овие пози е сосема природна работа за мене. Понекогаш може да ми стане малку неудобно, доколку морам за време на фотосесиите подолго да останам во некоја поза. Но, мислам дека таквото чувство е идентично како кај секој човек кој подолго време седи во една иста положба и му се вкочануваат мускулите. Јас не држам некои посебни диети, но морам да тренирам многу напорно за да ги одржувам моите мускули во добра форма и да бидам што е можно пофлексибилна.“ – вели Злата

Несекојдневниот календар на еластичната Русинка ЗлатаПокрај тоа што напорно вежба, Злата сепак има и многу ретка медицинска состојба која ги прави нејзините мускулни жили екстремно еластични, а тоа ù оди во прилог на нејзината професија.Несекојдневниот календар на еластичната Русинка ЗлатаПоради нејзините невообичаени способности, таа кога била малечка, искусила љубомора од другите девојчиња.
.

Во Русија, да се биде флексибилен е многу добра работа бидејќи сите ја обожаваат гимнастиката. Но, на некои девојчиња не им се допадна колку мене ме бива за оваа професија.“ – објаснува таа

Овој календар можете да го нарачате онлајн на нејзиниот веб-сајт за 17.90 евра, плус патни трошоци.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар