Понекогаш најубавите разговори за културата не се водат во свечени сали, туку на маса со две кафиња. Токму така, неформално и пријателски, шведскиот амбасадор Ола Солстром и пијанистката и композиторка Андријана Арлен поразговараа за она што ги поврзува Македонија и Шведска.
Кафе во центарот на Скопје
Средбата се одржа во „Сити Гурме“ во центарот на Скопје. Теми беа музиката, културата и животот во двете земји, како и претстојната македонска турнеја „Silver Night Tour 2026“.
Андријана Арлен повеќе од две децении живее и твори во Шведска, а со своето музичко творештво претставува пример за културната поврзаност меѓу двете земји.

Амбасадорот го очекува концертот во Скопје
По заедничкото кафе, амбасадорот Солстром сподели фотографија на своите социјални мрежи и ѝ се заблагодари на Андријана за интересниот разговор. Во објавата го најави и почетокот на нејзината турнеја, истакнувајќи дека со нетрпение го очекува концертот во Скопје на 7 декември, во Македонската филхармонија.
Четири града, еден спектакл
„Silver Night Tour 2026“ носи современ музичко-сценски концепт што ги спојува класичната музика, авторските композиции, електронските ритми, оркестарот, вокалните изведби, танцот и визуелната уметност.
Турнејата започнува на 31 октомври во Театар Велес, со почеток во 20 часот, а продолжува на 12 ноември во Битола, на 14 ноември во Штип и на 7 декември во Скопје. Проектот е во продукција на ИНФЕРА Студио. Повеќе информации има на arlentour.com.
Едно кафе во Скопје уште еднаш потсети дека музиката е јазик што го разбираат и луѓето и државите.
Извор: ИНФЕРА Студио
