Од Малта до Скопје: Mamma’s Sugar ја отвори својата прва локација во Македонија

Сподели

Успешната гастрономска приказна што македонското семејство на Ален Осман ја создаде во Малта започна ново поглавје – дома. На 3 октомври Mamma’s Sugar официјално ги отвори вратите на својата прва локација во Скопје, на кејот на Вардар.

Реклама

Она што започна како идеја за сопствен бренд во Малта, неколку години подоцна прерасна во препознатлив гастрономски концепт со повеќе локации, награди и амбиција да се развива и надвор од островот.

Реклама
Салата на Mamma’s Sugar во Скопје

Од една идеја до повеќе локации во Малта

Зад Mamma’s Sugar стои Ален Осман, кој заминува на Малта во 2016 година и таму го започнува својот професионален и претприемачки пат. Од желбата да создаде нешто свое, поврзано со чувството на дом, семејство и гостопримство, се раѓа Mamma’s Sugar.

Во изминатите години брендот постепено го проширува своето присуство на малтешкиот пазар, со локации во Ta’ Xbiex, St. Paul’s Bay и St. Julian’s, а приказната продолжува и во Victoria, Gozo. Паралелно се развива и сестринскиот концепт Mamma’s Brunch & Burgers, со што понудата излегува надвор од класичниот свет на десертите.

Филозофијата на брендот од самиот почеток не е насочена само кон производот, туку кон целото искуство – од храната и презентацијата до атмосферата и односот со гостите. Низ годините во понудата се развија десерти, торти, палачинки, вафли, пралини и бранч, како и кетеринг и корпоративна понуда.

Шакшука во Mamma’s Sugar
Торта во Mamma’s Sugar

Награди и инклузивност

Растот на брендот е проследен со повеќе признанија, меѓу кои Business Leader of the Year, Best Local Cafe of the Year, Best Bakery of the Year, Gold Award for Leader in Inclusivity и Bronze Award for Social Impact. Во 2025 година следуваа и Best Food Vendor of the Year и Best Ready to Eat Product of the Year.

Реклама

Посебен дел од идентитетот на компанијата е инклузивноста – стремеж да се создаваат можности за луѓе со различни способности и животни околности.

Детал од ентериерот на Mamma’s Sugar

Mamma’s Sugar се враќа дома

Ентериерот на Mamma’s Sugar во Скопје

Отворањето во Скопје има посебно значење: тоа е првиот голем чекор надвор од Малта и симболично враќање во земјата од која потекнува основачот. Новиот простор го спојува искуството изградено на островот со локалната заедница – преку храната, дизајнот, атмосферата и препознатливиот карактер на брендот.

Гостите можат да уживаат во кафе, десерти, торти, all-day brunch и поширока гастрономска понуда, во простор создаден за секојдневни средби, семејни моменти и вечерно дружење. За најмладите има и детска игротека, создадена за безгрижна забава и роденденски прослави.

All-day brunch и десерти во Mamma’s Sugar
Детската игротека во Mamma’s Sugar Скопје

Ново слатко место на кејот на Вардар

Mamma’s Sugar на кејот на Вардар, ГТЦ

Mamma’s Sugar Македонија се наоѓа на ул. Кеј 13 Ноември бр. 1, во ГТЦ. Со отворањето во Скопје брендот го започнува своето прво меѓународно поглавје и затвора еден симболичен круг – приказна создадена во Малта од македонско семејство, сега дојде дома.

Од Малта до Скопје, Mamma’s Sugar започнува ново поглавје – овојпат на кејот на Вардар.

Најново

Може ќе ве интересира