Креативни фустани изработени од хартија

Сподели

Фустаните изработени од фотографот Метју Броди и 3Д илустраторот Хети Њуман за мартовското издание на магазинот „Madame“ навистина го одземаат здивот и тоа не само затоа што се многу убави и исклучително креативни, туку бидејќи се направени од несекојдневен материјал – хартија.

Реклама

Тие решиле заеднички да работат на поголем проект поврзан со модата, имале неколку идеи на ум и ги презентирале во редакцијата на „Madame“. Магазинот го одбрал проектот со фустаните и така започнало сè.

Овие креации навистина ја истакнуваат екстравагантноста и виталноста на овој навидум обичен, секојдневен материјал. Фустаните се беспрекорно изработени и ја презентираат креативноста и оригиналниот начин на размислување на тимот кој стои зад нивната изработка. Наместо да ја користат хартијата за нејзината секојдневна, досадна употреба, Броди и Њуман заедно со нивниот тим сочинет од неколку стилисти, успеале да создадат нешто уникатно, неочекувано и различно.


rn

Ние навистина сакавме да креираме нешто убаво, од материјал кој не е соодветен за да се прилагоди на обликот на човечкото тело. Целта ни беше да биде очигледно дека фустаните се изработени од хартија, но да не изгледаат како ѓубре.“ – објаснува Метју Броди.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

Популарно

Може ќе ве интересира