Постојат детали што не мора да бидат видливи за да го одредат впечатокот што го оставаме. Мирисот е еден од нив– тивок, личен и често нераскинливо поврзан со начинот накој се чувствуваме и се претставуваме. Модата и парфемот на свој начин се надополнуваат токму тука – едното го обликува она што го гледаме, другото остава трага што не се гледа, но се памети.

Во таа природна симбиоза меѓу модата и мирисот се појавува Max Mara Le Parfum, новиот Eau de Parfum за жени, инспириран од еден од најпрепознатливите симболи на брендот – легендарното Max Mara палто. Неговата елеганција е преточена во сензуален дрвенесто-цветен мирис, замислен како „вашето невидливо палто“ –дискретен, но препознатлив дел од личниот стил.
Max Mara Le Parfum ја отвора својата композиција со тубероза, преку комбинација на кремастиот апсолут од Гватемала и свежината на туберозата од Грас. Во срцето доаѓаат ноти на ванила, додека базата ја сочинуваат сандалово и кедрово дрво од природно потекло, кои му даваат топлина и подлабок, современ карактер.
И шишето ја следи истата приказна. Неговата скулптурална форма е инспирирана од силуетата на легендарното палто на Max Mara, додека врзаниот ремени златното копче се претворени во детали на дизајнот, надополнети со препознатливата камел нијанса на Max Mara.
Покрај изгледот, внимание е посветено и на практичноста – шишето е дизајнирано за повторно полнење, со што е замислено да остане дел од колекцијата подолго време.

Eau de Parfum е создаден со високо квалитетни состојки, од кои 90% се од природно потекло, а формулата е веганска и долготрајна.
За целосно мирисно доживување, линијата е надополнета со Max Mara Le Parfum Body Lotion, кој може да се користи пред нанесувањето на Eau de Parfum на пулсните точки и да придонесе за поинтензивна и подолготрајна мирисна трага.

Max Mara Le Parfum така ја продолжува приказната за препознатливиот стил на брендот – овојпат преку мирис кој, исто како добро избраното палто, останува личен потпис.


