Направи сам: Домашен освежувач за простории со само 3 состојки

Сподели

Убавиот мирис во домот веднаш создава попријатна атмосфера, а за тоа не мора секогаш да купувате скапи освежувачи. Со само неколку состојки можете сами да направите едноставен освежувач и да ја изберете аромата што најмногу ви одговара.

Потребни ви се:

Реклама
  • 200 мл вода
  • 1 лажица сода бикарбона
  • 10 до 15 капки етерично масло по избор

Во шише со распрскувач ставете ја водата и содата бикарбона, а потоа додајте го етеричното масло. Добро протресете додека состојките не се соединат.

Можете да изберете лаванда за понежна и релаксирачка арома, лимон или портокал за чувство на свежина, а цимет или ванила за потопол мирис во домот.

Реклама

Пред секоја употреба повторно протресете го шишето. Распрснете мала количина во просторијата, избегнувајќи директно прскање врз чувствителни ткаенини, мебел и други површини.

Мал трик: Ставете го освежувачот во убаво декоративно шише и може да стане и симпатичен мал подарок направен дома.

Најново

Може ќе ве интересира