Некогаш најубавите спомени се криеја во најобичните работи – играта пред зграда, цртаните на телевизија, касетите, првите мобилни телефони и летните распусти без интернет. Одговори на прашањата и провери колку силно те враќа носталгијата во минатото!
1. Што правеше најчесто кога немаше интернет?
А) Играв надвор со друштвото
Б) Гледав телевизија
В) Играв игри на компјутер
Г) Читав списанија или книги
2. Кој звук веднаш те потсетува на детството?
А) Звукот на dial-up интернетот
Б) Почетната мелодија на омилениот цртан
В) Ѕвонењето на стариот телефон
Г) Звукот на касета што се премотува
3. Како најчесто се договаравте со другарите за да излезете?
А) Ќе се најдевме пред зграда
Б) Ќе се јавевме на домашен телефон
В) Ќе пратевме SMS
Г) Некако секогаш се наоѓавме без да се договориме
4. Што беше најголем проблем со стариот мобилен телефон?
А) Батеријата
Б) Немаше доволно меморија за пораки
В) Немаше камера како денешните телефони
Г) Ништо – тогаш телефонот служеше само за јавување
5. Кој од овие моменти ти буди најголема носталгија?
А) Летните распусти
Б) Родендени со цело друштво
В) Училишните одмори
Г) Семејните собирања
6. Ако можеш да вратиш еден ден од детството, што би избрал/а?
А) Еден безгрижен летен ден
Б) Првиот училишен ден
В) Ден со најдобрите другари
Г) Семеен ден од празниците
7. Што најмногу ти недостига од тоа време?
А) Безгрижноста
Б) Друштвото
В) Помалку обврски
Г) Чувството дека секој ден е авантура
РЕЗУЛТАТИ
Најмногу А – Детето во тебе никогаш не си заминало!
Кај тебе носталгијата е силна. Најмногу ти недостига времето кога најголемата грижа беше дали ќе стигнеш дома пред да се стемни.
Најмногу Б – Ти си вистински носталгичар!
Музика, цртани, стари фотографии и спомени можат веднаш да те вратат години наназад. Сакаш да се потсетуваш на времето кога животот бил многу поедноставен.
Најмногу В – Детството ти е полно со приказни!
Најмногу ти недостига времето поминато со луѓето. За тебе највредни се спомените, а не предметите од минатото.
Најмногу Г – Ти живееш со убавите спомени!
Не би се вратил/а целосно назад, но понекогаш би сакал/а повторно да почувствуваш како изгледал еден обичен ден кога немало толку брзање, обврски и известувања.


