Коронавирусот ги принуди повеќето луѓе на планетата да останат во своите домови. Некои го користат ова време за конечно да се одморат, некои да ја надоместат дружбата со семејството, а некои да се погрижат за себе и своите домови.
За сите оние кои решија да го искористат времето во изолација за да го исчистат својот дом, пронајдовме совети како да ја искористат бебешката пудра за да ја одржат куќата сјајна и чиста.
Бебешката пудра ќе ви помогне во следниве сегменти при чистење на домот:rn
Отстранување дамки
rnАко некоја храна падне на чаршавот, посипете го тој дел со пудра, избришете го со крпа и дамката ќе исчезне.rn
Враќање на сјајот на вашиот накит
rnАко сакате да го исчистите накитот, прво посипете го со бебешка пудра, а потоа истријте го со стара четка за заби. На крајот само избришете го со крпа.rn
Неутрализација на мирисот во чевлите
rnСтавете малку бебешка пудра во чевлите и оставете ја да отстои. Мирисот ќе исчезне.rn
Чистење на дамки од пот
rnСтавете бебешка пудра на дамките од пот под пазувите на вашата облека и потоа испеглајте ги тие делови со врела пегла.rn
Одврзување заплеткани јазли
rnОдврзувањето на заплетканиот јазол ќе биде многу полесно ако врз него нанесете малку бебешка пудра.rn
При ставање хируршки ракавици или нивно вадење
rnЌе биде многу полесно ракавиците да се стават или извадат ако ставите малку бебешка пудра во нив.
Ако сметате дека е време за пролетно чистење на домот, со овие совети тоа ќе биде многу лесна задача!rn

