VIP Кетеринг е бренд кој со години успешно се грижи за организацијата на најразлични настани – од свадби и родендени до корпоративни прослави и семејни свечености. Препознатливи по квалитетната храна, професионалната услуга и вниманието кон секој детал, тие ја градат довербата кај своите клиенти од настан до настан. Имавме можност да разговараме со тимот на VIP Кетеринг и да дознаеме како започнала нивната приказна, што ги мотивира и кои се нивните планови за во иднина.
Како започна приказната на VIP Кетеринг и која беше вашата визија кога го создававте брендот?
VIP Кетеринг започна со идеја да понуди професионална, квалитетна и сигурна кетеринг услуга.Нашата визија беше секој настан да биде организиран на високо ниво, со врвна храна, беспрекорна услуга и внимание на секој детал.

Освен кетеринг услуги, VIP Кетеринг нуди и изнајмување на маси, шатори и тифани столици. Како дојдовте до идејата на клиентите да им понудите комплетно решение за нивните настани?
Сфативме дека клиентите сакаат сè да добијат на едно место. Затоа ја проширивме понудата и денес овозможуваме комплетна организација, што им заштедува време и им дава сигурност дека сè ќе биде координирано професионално. Веќе традиционално сте дел од Саемот за венчавки.
Што значи ова учество за вас и што најчесто им презентирате на идните младенци?
Саемот за венчавки е одлична можност да се запознаеме со идните младенци и да им ги претставиме нашите услуги, менија и идеи. Секогаш се трудиме да покажеме дека нивниот најважен ден може да биде организиран без компромис во квалитетот.
Во вашата понуда има различни менија – родендени, мекици, коктел менија и многу други. Како ги креирате понудите за да одговараат на различни типови на настани?
Секое мени го креираме според видот на настанот, бројот на гости и желбите на клиентот. Целта ни е храната да биде вкусна, разновидна и соодветна за секоја пригода.


Кои се најчестите настани за кои клиентите ве ангажираат – свадби, родендени, корпоративни прослави или нешто друго?
Најчесто работиме свадби, родендени, корпоративни настани, мекици, крштевки и семејни прослави. Со исто внимание пристапуваме кон секој настан, без разлика на неговата големина.

Што е најважно за вас при подготовката на храната и организацијата на еден настан?
Најважни ни се квалитетот на состојките, свежината на храната, хигиената и добрата организација. Само така можеме да обезбедиме услуга што ги исполнува очекувањата на клиентите.

Кога клиент ќе ви се обрати за организација, како изгледа целиот процес – од првиот разговор до реализацијата на настанот?
Најпрво разговараме за потребите и желбите на клиентот, подготвуваме понуда, ги договараме сите детали, а потоа нашиот тим се грижи за целосната реализација. Клиентот треба само да ужива во својот настан.

Што најчесто велат клиентите по завршувањето на настанот и што сметате дека ве издвојува од останатите кетеринг компании?
Најголем комплимент ни е кога клиентите повторно нè избираат или нè препорачуваат. Веруваме дека нè издвојуваат квалитетната услуга, професионалниот пристап, довербата и посветеноста кон секој клиент.
Дали нудите можност за прилагодување на менијата според желбите и буџетот на клиентите?
Секако. Секој клиент има различни потреби, затоа нудиме флексибилни менија и решенија кои се прилагодуваат на вкусот, бројот на гости и планираниот буџет.

Кои се плановите на VIP Кетеринг за во иднина? Дали подготвувате нови услуги, нови менија или проширување на понудата?
Постојано инвестираме во подобрување на нашите услуги, нови менија и современа опрема. Нашата цел е VIP Кетеринг да продолжи да биде препознатлив бренд кој нуди комплетна и квалитетна услуга за сите видови настани.



