Во чест на Владо Јаневски: Денес во 20 часот ќе се одржи собир пред арената „Борис Трајковски“

Сподели

Денес, со почеток во 20:00 часот, на платото пред арената „Борис Трајковски“ ќе се одржи собир во чест на македонската музичка легенда Владо Јаневски.

Организаторите ги повикуваат сите кои ја сакаат, почитуваат и израснале со неговата музика да се придружат и заедно да му оддадат последна почит.

Реклама

„Нека неговите песни одекнат уште еднаш, нека светлината од свеќите биде нашето „благодарам“, а нашето присуство доказ дека големите уметници никогаш не се забораваат“, стои во повикот објавен на социјалните мрежи.

Настанот е замислен како достоинствено збогување – со песна, со тишина и со љубов, во знак на благодарност за музиката и емоциите што Владо Јаневски ги остави зад себе.

Реклама

Организаторите апелираат до сите што се во можност да дојдат и заедно да покажат дека делото на големите уметници продолжува да живее.

„Затоа што легендите никогаш не умираат. Тие засекогаш остануваат во срцата на својот народ.“

Најново

Може ќе ве интересира