(ВИДЕО) Еве каде Влатко Лозаноски – Лозано го прослави својот 41. роденден

Сподели

Кисела Вода викендов е вистински центар на добра забава, музика и позитивна енергија. Втората вечер од „Културното лето“ го претвори плоштадот Расадник во голема сцена под отворено небо, каде илјадници посетители од сите генерации уживаа во настапите на познати македонски музички имиња.

Реклама

Вечерта започна со одличниот сет на ДЈ Марио Трампет, кој ја загреа публиката и направи совршена увертира за музичката програма. Потоа, плоштадот ечеше од најубавите македонски народни рефрени во изведба на Влатко Миладиновски, кој создаде вистинска празнична атмосфера.

Еден од најубавите моменти на вечерта беше настапот на Влатко Лозаноски – Лозано, кој токму на сцената во Кисела Вода го прослави својот 41. роденден. Пред бројната публика, популарниот пејач симболично дувна свеќичка на роденденска торта, а присутните го поздравија со силен аплауз и роденденска атмосфера за паметење.

Реклама

Вистинска еуфорија настана кога на сцената се појави и раперот Таско. Со својот препознатлив урбан звук и големите хитови, тој ја крена публиката на нозе, а плоштадот Расадник пулсираше во ритамот на неговите песни.

Реклама

Настапот на Таско имаше и посебен емотивен момент. Зад сцената беше присутна и неговата 75-годишна баба Павлинка, која за првпат дошла на негов концерт за да го поддржи својот внук.

Покрај музичкиот спектакл, вчерашниот ден имаше и хуманитарна страна. Во паркот „Шопен“ се одржа традиционалната „Коријада“, во организација на Здружението на пензионери од Кисела Вода, збогатена со изложба на ракотворби од дечињата со посебни образовни потреби. Собраните средства од настанот се наменети за помош на семејствата настрадани од елементарни непогоди.

„Културното лето“ во Кисела Вода продолжува и вечерва, повторно на плоштадот Расадник, со почеток од 20:00 часот. Загревањето е резервирано за млади локални бендови и ДЈ Доријан, по што следуваат настапите на македонското хип-хоп дуо 2Bona и балканската ѕвезда Voyage.

Граѓаните се поканети и вечерва да бидат дел од одличната атмосфера и музичката енергија во Кисела Вода.

Најново

Може ќе ве интересира