Коан е еден вид апсурдна приказна која е понекогаш тажна, понекогаш збунувачка, но најчесто е многу смешна. Всушност, не може точно да се дефинира. Коан е како парабола со отворена интерпретација. Прочитајте ги следниве зен приказни кои ќе ве наведат на размислување и ќе ви ги прошират хоризонтите…rnrn
rn
1. Буда со црн нос
rn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnКалуѓерка, која трагала по просветление, направила статуа од Буда и ја покрила со златен лист. Каде и да одела, го носела овој златен Буда со неа.rnrnПоминале години и сѐ уште носејќи го Буда, калуѓерката почнала да живее во мал замок во земја каде што имало многу статуи од Буда и секоја од нив имала свое сопствено светилиште.rnrnКалуѓерката сакала да запали темјан пред нејзиниот златен Буда. Не ѝ се допаѓала идејата дека мирисот ќе се прошири и кон другите, па таа направила инка низ која чадот допирал само до нејзината статуа. Ова го зацрнило носот на златниот Буда и тој изгледал многу грдо.rnrn[/message_box]rnrnЖивотна лекција: Ако гледате само за себе, секогаш ќе бидете незадоволни од резултатите.rnrnКако да ја примените лекцијата? Размислете колку често мислиме само на себе, на нашите пријатели, семејство, поткултури и култури. Со други зборови, можеби сме задоволни од нашите дела, но воопшто не се трудиме да ги разбереме или да дознаеме повеќе за многубројните различни општествени групи околу нас. Не само што ова ќе ве одведе до несреќен живот без простор за напредок, туку и ќе го ограничи вашиот ум и ќе ве направи нетолерантни кон туѓите верувања и вредности.rn
2. Точна пропорција
rn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnСен но Рикју, експерт за чај, сакал да закачи кошница со цвеќе на еден столб. Побарал помош од дрводелецот и го насочувал човекот дали да ја стави кошницата повисоко или пониско, десно или лево, додека конечно не го нашол вистинското место.rnrn„Тоа е вистинското место!“, извикал конечно.rnrnЗа да го тестира експертот, дрводелецот го означил местото и потоа се преправал дека го заборавил.rnrn„Ова беше местото? Да не беше ова, можеби?“, продолжувал да прашува дрводелецот, покажувајќи кон различни места на столбот.rnrnНо, чувството за пропорција на експертот за чај било толку прецизно што кога дрводелецот покажал повторно на истото место, тој ја препознал локацијата.rnrn[/message_box]rnrnЖивотна лекција: Секогаш треба да знаете кои се вашите цели во животот.rnrnКако да ја примените лекцијата? Ако експертот за чај го немал чувството за пропорција да го води кон неговата цел, дрводелецот многу лесно ќе успеел да го збуни експертот. Оваа приказна е метафора за луѓето во нашите животи кои иако се грижат за нас, треба да сфатат дека ние самите знаеме што е најдобро за нас. За да им го докажеме тоа ним, но и себеси, мора да знаеме која е целта што сакаме да ја постигнеме.rnrn
rn
3. Највредното нешто во светот
rn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnСозан, кинески Зен мастер, добил прашање од еден ученик:rnrn„Кое е највредното нешто во светот?“rnrn„Главата на мртва мачка“, одговорил мастерот.rnrn„Зошто главата на мртва мачка е највредното нешто на светот?“, прашал ученикот.rnrn„Затоа што никој не може да ја одреди нејзината вредност“, одговорил Созан.rnrn[/message_box]rnrnЖивотна лекција: Работите кои имаат вистинска вредност не можат да бидат одземени.rnrnКако да ја примените лекцијата? Сите ние ги цениме нештата што не му служат на нашиот развој. Кога последен пат сте ја расчистиле куќата од работите што не ги користите секој ден? Истото се однесува и на токсичните врски, лажните пријатели и лошите навики. Вредноста има субјективно значење за секој човек и многу е важно самите да ја одредите вредноста на предметите и врските од кои имате корист.rn
4. Нема работа, нема храна
rn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnХјакујо, кинески Зен мастер, работел со неговите ученици дури и на возраст од 80 години, ги средувал градините, ја чистел земјата и ги поткаструвал дрвјата.rnrnНа учениците им било жал кога го гледале стариот учител како работи толку напорно, но знаеле дека нема да ги послуша ако му кажат да престане, па затоа му ги скриле алатките.rnrnТој ден, мастерот не јадел. И наредниот ден не јадел, ниту следниот.rnrn„Можеби се лути затоа што му го скривме алатот. Подобро да го вратиме назад“, заклучиле учениците.rnrnДента кога го вратиле алатот, учителот работел и јадел исто како и претходно. Вечерта им го кажал следново:rnrn„Нема работа, нема храна.“rnrn[/message_box]rnrnЖивотна лекција: Го добиваме она што го даваме.rnrnКако да ја примените лекцијата? Не само што стариот учител не ги прифатил незаслужените подароци, туку и сфатил дека со тоа што нема да дејствува, рамнотежата во општеството ќе биде сочувана. Сите ние имаме одговорности, но кога ќе преземеме некоја одговорност, не смееме да бидеме алчни за да можат и другите да извлечат корист од нивната работа.rn
5. Соопштение
rn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnТанзан напишал 60 поштенски картички на последниот ден од неговиот живот и го замолил неговиот придружник на да ги испрати. Потоа починалrnrnВо картичките во пишувало следново:rnrn„Си заминувам од овој свет.rnrnОва е моето последно соопштение.“rnrnТанзанrnrn27 јули, 1892rnrn[/message_box]rnrnЖивотна лекција: За да бидеме спокојни, мора да им овозможиме и на другите да бидат спокојни.rnrnКако да ја примените лекциата? Најдоброто нешто што можеме да го направиме за нашите сакани е да ги увериме дека не треба да се грижат за нас. Спокојот доаѓа во многу форми, но понекогаш пораката за која сме најблагодарни е наједноставната.rnrnВо продолжение прочитајте ги и овие вистински приказни за добрината, љубовите и семејните вредности кои ќе ви ја вратат вербата во човештвото.