Тамара Тодевска искрено за животот, критиките и борбата да останеш свој во „Кукла жива“

Сподели

По подолг период посветен на нов музички материјал, Тамара Тодевска конечно ја претстави „Кукла жива“ – песна која носи силна лична порака и го најавува нејзиниот нов албум со истото име.

Реклама

Станува збор за композиција во која пејачката отворено зборува за животните предизвици, критиките, падовите и моментите кои ја обликувале како личност и уметник. Токму затоа, многумина уште по првото слушање ја опишаа како една од нејзините најискрени песни досега.

Музиката и текстот се создадени од Тамара Тодевска и Коста Петров, додека продукцијата е дело на Емин Џијан. Видеоспотот го режираше Мартин Трајановски во соработка со Takat Studios.

Тамара не крие дека „Кукла жива“ има посебно место во нејзиното срце. Според неа, песната не ја раскажува само нејзината приказна, туку и приказната на многу луѓе кои во текот на животот биле принудени да се вклопуваат во туѓи правила и очекувања.

Интересно е што за албумот биле создадени повеќе од 30 песни, а на крајот своето место добиле само десет композиции. Според Коста Петров, токму „Кукла жива“ најдобро ја доловува суштината на целиот проект.

Песната веќе е достапна на YouTube, додека останатите нумери од албумот ќе бидат претставени во периодот што следува. Големата концертна промоција на албумот е закажана за 3 октомври во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Најново

Може ќе ве интересира