Кои 3 хороскопски знаци ќе стават крај на лошата врска на 15 септември?

Кои 3 хороскопски знаци ќе стават крај на лошата врска на 15 септември?

Ќе помислите дека ако сте во лоша љубовна врска, заминувањето би било очигледно нешто што треба да се направи, нели? Сепак, често остануваме во врски за кои знаеме дека немаат иднина. А понекогаш причината за тоа може да биде потребата на нашето јас да расте и учи преку такво искуство. Кога ќе заврши ретроградната фаза на Меркур на 15 септември, ќе се разбуди дел од нашиот ум и ќе видиме дека го добивме она што ни требаше досега. Сега е време свесно и храбро да кажеме НЕ. Денеска е денот кога три хороскопски знаци ќе кажат НЕ на „лошата љубов“ и ДА на слободата:

Кои 3 хороскопски знаци ќе стават крај на лошата врска на 15 септември?

Бик

Чувствувате дека вашето срце доживеало секакви тешки удари, но на тој начин ги спознавте и вашите граници. Се обидовте да ги прифатите и да се справите со проблемите, но знаете дека веќе не можете да издржите, а денес ќе почувствувате наплив на самодоверба. Ќе знаете дека е време да кажете НЕ на ситуацијата во која се наоѓате. Да, вие ја преземате одговорноста да бидете таму каде што сте и тоа ви дава моќ да ја промените. Сега сте поголеми од вашите проблеми, а вие сте и господар на вашата судбина. Време е да се оддалечите од негативното и да свртите ново поглавје во животот.

Вага

Имате впечаток дека штотуку сте се разбудиле од лош сон, бидејќи Меркур оди директно и ви ја освежува меморијата. Се најдовте во врска во која секојдневно се губите себеси. Како партнерот да не ве ни гледа, а вие веќе не сте толку ентузијасти за динамиката на врската и не сакате повеќе да се вложувате себеси и да го жртвувате сопственото време. Затоа, време е да кажете НЕ.

Водолија

Сè уште не сте сигурни како работите завршиле толку мрачно и мизерно. Запознавте нова личност и мислевте дека е интересна. Едно довело до друго, а пред двајцата да знаете, сте биле во врска. Но, кога Меркур ќе ја прекине својата ретроградна фаза, ќе почувствувате потреба еднаш засекогаш да ставите крај. Денес ќе му кажете на партнерот дека сегашните услови повеќе не ви одговараат и дека сега треба да заминете. Следете го своето срце, бидејќи знаете дека тоа е во право.

Откако прочитавте кои 3 хороскопски знаци ќе стават крај на лошата љубовна врска на 15 септември, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 хороскопски знаци ги очекува најголема среќа на љубовен план во септември.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар