Првото нешто што најверојатно го правите секое утро по спиење е пиењето добро кафе, но дали знаете дека има некои работи што треба да ги правите пред овој ритуал?rnrn
rnrnЕдна од причините е тоа што пиењето кафе на празен стомак може да го доведе телото во состојба на висок стрес, што предизвикува ослободување на хормони како адреналин и кортизол.rnrnПрочитајте во продолжение кои пет работи треба да ги направите пред да пиете кафе:rn
1. Хидратација
rnПијте многу вода пред да испиете шолја кафе. Зошто? Водата испиена на собна температура, по можност со сок од лимон, може да помогне во варењето.rn
2. Добар оброк
rnДруг совет е да јадете оброк богат со влакна и протеини: тоа ќе го балансира нивото на шеќер во крвта. Високиот шеќер во крвта може да предизвика воспаление, а тоа може да ги исцрпи вашите енергетски резерви.rn
3. Физичка активност
rnНекои луѓе имаат навика да пијат кафе пред вежбање, но експертите велат дека тоа може да предизвика нервоза и прекумерна возбуда. Затоа, советот е да бидете физички активни пред кафето, во првиот час по будењето.rn
4. Трпение
rnОдложувањето на внесот на кофеин најмалку 90 минути по будењето овозможува повисоко ниво на енергија во текот на денот.rn
5. Дневна светлина
rnИзложеноста на утринска светлина е одличен регулатор на деноноќниот ритам, а изложувањето на светлина предизвикува ослободување на кортизол кој го поттикнува природниот ритам на телото. Освен тоа, изложеноста на природна светлина во првиот час по будењето е одличен начин да се одржи оптималната рамнотежа на хормоните.rnrnОткако прочитавте за утринскиот ритуал на пиење кафе, можеби ќе сакате да прочитате и како да го направите утринското кафе поздравo.rnrnИзвор: n1info.rs
