Ако некогаш сте воделе дневник, вратете се неколку години наназад и сетете се на работите за кои порано се грижевте, а сега изгледаат сосема бесмислени. Секако, во време кога ви се случуваат одредени нешта, се чини дека нема поважни работи од нив, но дали навистина е така?rnrn
rnrnЕве 10 работи за кои треба да престанете да се грижите:rn
1. Повремени одложувања
rnБез разлика дали се работи за сообраќаен метеж или оној мејл од клиентот што го чекате, а кој никогаш не пристигнува и покрај вашето инсистирање – разберете дека на долг рок, овие одложувања не го менуваат текот на вашиот живот, но можат да го нарушат неговиот квалитет ако премногу се грижите за нив.rn
2. Минати грешки и непријатни ситуации
rnМожеби сте направиле некаква грешка на работа. Можеби сте се засрамиле на забава, па сте доживеале разочарување. И тоа ќе помине.rn
3. Мали физички несовршености
rnВо свет опседнат со совршен изглед, лесно е да се закачите на мали физички „недостатоци“. Но, искрено, она што може да ви изгледа како мана е она што ве прави уникатно убави. Освен тоа, луѓето ќе ве сакаат поради тоа што сте, а не поради вашиот изглед.rn
4. Сè да биде совршено
rnОслободете се од потребата сè да биде во ред. Ослободете се од перфекционизмот. Фокусирајте се на напредокот и радоста во самиот процес. Ќе сфатите дека животот е попријатен кога ќе си дозволите да бидете само човечко суштество, полно со несовршености.rn
5. Другите се поголем приоритет од вас самите
rnВложувате многу енергија за да ги задоволите луѓето околу нас, често по цена на сопствената благосостојба. Но, поважната нешто за кое треба да се грижите е она кое ве прави среќни. Не сакате потоа да се навраќате на вашиот живот и да жалите што не сте ја ставиле вашата среќа на прво место.rn
6. Туѓо мислење
rnКога сме кај другите луѓе, колку ви се важни нивните мислења? Ако премногу размислувате за тоа што би можеле да мислат другите, можеби посветувате премногу време и простор на нешто што не е важно.rn
7. Победа во расправијата
rnДодека ќе трае расправијата, можеби ќе ја имате таа единствена желба да победите, до степен да изгубите пријателства. На крајот на краиштата, колку ќе ви значи ако сте „победиле“ во текот на кавгата? Нашиот мозок има начин да ги филтрира неважните работи, па големи се шансите после одреден временски период да заборавите за што сте се расправале.rn
8. Иднината
rnПочнувате да се грижите за иднината, а тоа е сосема нормално. Нормално е да се има генерален план и цели за треба да се работи за барем да знаете во која насока да се движите. Но, прашањата од типот „што ако…“ нема да донесат никакви корисни ефекти. Зошто? Затоа што иднината е непредвидлива. Прекумерната загриженост за иднината само ве спречува да уживате во сегашниот момент.rnrnОткако прочитавте за кои работи не треба да се нервирате во животот, можеби ќе сакате да прочитате и на кои работи луѓето обраќаат внимание во првите 10 минути кога ќе ве запознаат.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
