Благодарноста го разубавува животот

Сподели

Едно од најубавите чувства кое ги прави луѓето среќни и може да го промени односот спрема животот е благодарноста, вели едно американско психолошко истражување, спроведено во текот на последните неколку години.Научниците се обидувале да докажат дека благодарноста не само што ни помага во животот, туку докажале дека постои и неврохемиски процес кој стои зад таквите чувства. Воедно, тие ги истакнале и најдобрите начини за искажување на благодарноста.

Реклама

Професорот по психологија на Универзитетот во Мајами, Мајкл Макалок испитувал група луѓе, од кои било побарано редовно да го искажуваат чувството на благодарност.rn
rn

Кога ќе застанете и ќе ги преброите сите добри работи кои постојат во вашиот живот, на некој начин ја преземате контролата врз своите емоции“ – објаснува Макалок.

rnПрофесорот додал дека психолозите порано ја потценувале моќта на обичното чувство на благодарност и дека една од причините поради којашто благодарноста делува толку добро врз емоционалната состојба на луѓето, е фактот дека таа нѐ поврзува со другите луѓе, па во согласност со тоа, има подлабоко емотивно и интимно значење за луѓето.Водењето дневник за благодарноста, во кој луѓето на неделно ниво или секоја вечер ќе ги запишуваат нештата поради кои се чувствуваат благодарно, сѐ повеќе станува редовно терапевтско средство.rn
rn

Многу е важно во вашиот дневник поголемо внимание да им посветите на другите луѓе поради чие присуство во вашиот живот, се чувствувате благодарни“ – вели Роберт Имонс, професор по психологија на Универзитетот Калифорнија.

rnИмонс смета дека луѓето треба да си замислат како нивниот живот би изгледал без убавите работи во него. Особено треба да си замислат каков би им бил животот без присуството на нивниот сопруг/а и да се запрашаат колку се благодарни за неговото/нејзиното постоење.rn
rn

Луѓето кои се благодарни, се чувствуваат побудно, поживо, позаинтересирано, ентузијастично и чувствуваат поголема поврзаност со другите луѓе“ – објаснува Имонс, кој е автор на две книги посветени на благодарноста и кои го проучуваат ефектот на водењето дневник на благодарност.

rn
rn

Чувството на благодарност исто така, го ублажува стресот. Помалку е веројатно дека благодарните луѓе ќе ги обземат чувства на завист, лутина, незадоволство, каење или други непријатни чувства кои го предизвикуваат секојдневниот стрес“ – наведува Имонс.

rnНаучниците покрај тоа што ги проучиле емоциите кои стојат зад благодарноста, ја истражиле и нивната неврохемиска основа. Имонс објаснува дека прелиминарните теории ги проучуваат хормоните во крвта и невротрансмитерите во мозокот, кои се поврзани со ова чувство.rn
rn

Левата претфронтална кора на големиот мозок, која се поврзува со позитивните чувства како што се љубовта и сочувството, најверојатно е клучната точка“ – вели професорот.

rnАко ви треба идеја за да започнете да го практикувате заблагодарувањето, еве некои работи за кои често забораваме да бидеме благодарни, а еве дури 15 креативни начини на кои можете да се заблагодарувате.rn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира