Како да пронајдете радост во секој момент од животот?

Како да пронајдете радост во секој момент од животот?

Што чувствувате денес? Дали сте енергични, среќни, мотивирани, тажни или депресивни? За што би сакале да му се заблагодарите на универзумот денес?

Како да пронајдете радост во секој момент од животот?

Во современиот свет исполнет со конкуренција и обврски, материјализмот добива сè поголемо значење. Парите постанаа нешто неопходно и без нив не можеме да го замислиме животот. Но, кога нашиот живот се претвора во постојано размислување за материјалното, тој станува страдање.

Многу луѓе се измачуваат себеси и напорно работат за да ги задоволат своите материјални желби и да го имаат најновиот автомобил или најновиот телефон. Овие желби често ги доведуваат во заблуда, бидејќи нивното исполнување ќе донесе само привремена и минлива среќа.

Така, кога ќе купите нов автомобил, ќе бидете задоволни неколку месеци или една година, а потоа ќе сакате да го замените со уште подобар модел. Затоа, не треба да го заборавиме и духовниот развој, кој е неопходен како здравјето и храната што ја јадеме секој ден.

Ошо, еден од најпознатите духовни учители, нè потсетува дека животот е прекрасна игра и авантура и дека можеме да најдеме радост во секој момент:

„Ако си богат, не размислувај за тоа, ако си сиромашен, не ја сфаќај сиромаштијата сериозно. Ако можеш да живееш во мир, имајќи на ум дека светот е само еден вид претстава, ќе бидеш слободен, нема да те допре страдањето. Страдањето доаѓа само поради сериозен однос кон животот. Почнете да го третирате животот како игра, уживајте во него“, вели тој.

Животот е прекрасно патување во кое не треба да ја трошите енергијата на гнев, бес, материјално страдање и нервоза. Прифатете го животот како забавна и предизвикувачка игра, а оние кои ќе најдат мир и радост во себе ќе бидат вистинските победници.

Откако ја прочитавте пораката на Ошо, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 15 цитати од Ошо кои ќе ве натераат да размислите за животот, љубовта и среќата.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар