Најверојатно одбегнувате да носите црна облека во летните месеци, но дали знаевте дека црната облека му го обезбедува на телото потребното разладување во топлите денови?rnrn
rnrnВистина е дека црната облека се загрева на сонце во лето, но црната боја го забрзува процесот на ладење на телото – токму затоа што апсорбира повеќе топлина.rnrnПобрзо се потите во црно отколку во бело, но токму затоа телото побрзо се лади. Освен тоа, темната облека рефлектира дел од опасното сончево УВ зрачење, што ја прави околу 97 проценти безопасна и нуди подобра заштита од можни изгореници што може да ги добиете ако носите облека со светла боја.rnrnБелата облека, од друга страна, не собира топлина, туку пропушта околу 40 проценти од штетните УВ зраци. Покрај бели комбинации, задолжителна е и кремата за сончање под облеката.rnrnВо лето особено се препорачуваат природни влакна што „дишат“. Памук, лен или свила се удобни за кожата на високи температури, а исто така ја апсорбираат потта.rnrnОд друга страна, синтетичките влакна ја изолираат кожата и ја зголемуваат топлината на телото. Пошироките парчиња облека, пак, овозможуваат циркулирање на воздухот, што создава ефект на ладење. Се препорачува да се носат пошироки туники, фустани и пошироки панталони.rnrnОткако прочитавте зошто е препорачливо да се носи црна облека во лето, можеби ќе сакате да прочитате и кои 4 бои на облека привлекуваат изобилство во животот.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs
Зошто е препорачливо да се носи црна облека во лето?
